Спроведена првата хуманитарна акција за помош на сексуалните работници

СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија, ја спроведе првата од серијата на хуманитарни акции за помош на сексуалните работници кои се наоѓаат во исклучително тешка финансиска состојба предизвикана од КОВИД-19 пандемијата.

Во пресрет на продолжениот празничен викенд, дистрибуиравме материјална помош со основни прехрамбени и хигиенски производи за 24 сексуални работници, по однапред утврдени критериуми за пристап на помошта до најпогодените од заедницата која ја претставуваме. Освен во Скопје, хуманитарната акција заедно со регионалните ограноци на СТАР-СТАР ја продолжуваме следната недела во градовите Струмица и Гостивар.

Иако нашето членство е многубројно а помошта која што ја дистрибуираме е краткорочна, навистина сме среќни што можевме да извлечеме насмевки на 24 семејства и индивидуалци.

Поради строгите законски ограничувања, сексуалните работници не се во можност да работат, а со тоа ги губат своите приходи, од кои најчесто зависат цели семејства.

Ние не престануваме тука. Целиме краткорочноста да ја замениме со континуитет.

Проследете го нашиот Апел за помош на сексуалните работници во Република Северна Македонија на следниов линк:

ДОНИРАЈ!НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ!

ЗА ДОНАЦИИ ОД ДОМА

Број на жиро с-ка:

СТАР-СТАР СКОПЈЕ КОВИД-19 ДОНАЦИИ

210-065896341011

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ

Секоја донација е добредојдена. Од сѐ срце Ви благодариме!

Во прилог погледнете дел од фотографиите од вчерашната акција:

Tags: