СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, ја спроведе петтата од серијата на хуманитарни акции наменети за помош и поддршка на сексуални работници во време на криза, предизвикана од КОВИД-19 пандемијата. Им се заблагодаруваме од се срце на Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н (Единство Достоинство Емпатија Натурализам) и Веган365Кујна за нивната донација од вегански оброци , во рамки на нивниот проект „Промени ја исхраната, промени го светот!“.
Изминатата недела, беа поделени вкупно 20 вегански оброци помеѓу сексуалните работници (жени и трансродови лица) кои живеат и работат во Скопје. Продолжуваме понатаму со акции наменети за помош и поддршка на сексуалните работници и нивните семејства.
ДОНИРАЈ! НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ.
ЗА ДОНАЦИИ ОД ДОМА
Број на жиро с-ка:
СТАР-СТАР СКОПЈЕ КОВИД-19 ДОНАЦИИ
210-065896341011
НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ