NSWP (Глобалната мрежа на сексуални работници) сподели пет кратки извештаи, меѓу кои и извештајот на СТАР-СТАР, Здружение за поддршка на маргинализирани работници од Република Северна Македонија. Овие извештаи се однесуваат на влијанието на тековната здравствена криза врз петте региони кои ги опфаќа мрежата, засновани на одговорите на нивните истражувања за влијанието на КОВИД-19. Кратките извештаи овозможуваат преглед на состојбата на сексуалните работници за време на кризата, она што го прават/ не го прават владите за поддршка на сексуалните работници, како и организациите/здруженијата кои работат за/со сексуалните работници.
Во март, од страна на Светска здравствена организација беше објавено дека Европа е „епицентарот“ на глобалната пандемија на коронавирусот. До денес, во Република Северна Македонија се регистрирани над 1.200 потврдени случаи на КОВИД-19. За време на оваа криза, сексуалните работници во Република Северна Македонија се наоѓаат во навистина тешка состојба, за разлика од многу други земји, каде што барем проблемите и потребите на сексуалните работници за време на пандемијата беа спомнати од страна на медиумите, во Р. Северна Македонија, немаше никакво известување за оваа заедница. Ситуацијата во земјата ги остави сексуалните работници во „сиромаштија и изолација“, при што некои од нив „ги загубија своите домови“, додека пак ги оставија трансродовите сексуални работници без „пристап до хормонална терапија во процес на транзиција“. Здружението за поддршка на маргинализираните работници, СТАР-СТАР, ги објави своите искуства за пандемијата во Северна Македонија во нашата анкета COVID-19 Impact.
Како и многу влади низ целиот свет, така и владата на Р. Северна Македонија се обиде да го спречи ширењето на вирусот со донесување на сет мерки за изолација и ограничувања, како и воведување на полициски час на национално ниво. Ограничувањата во Р. Северна Македонија вклучуваа и полициски час што трае цел викенд, од понеделник до петок од 4:00 часот до 17:00 часот. Со ваквите мерки, се ограничува пристапот со основните услуги. Повеќето даватели на услуги се достапни само преку телефон, но сепак нередовни.
Помеѓу заканата од губење на своите домови и сиромаштијата, како и немање никаква поддршка за заедницата на сексуалните работници, сексуалните работници го ризикуваат своето здравје и безбедност, кршејќи ги ограничувањата и мерките на Владата, за да заработат за живот. „Некои сексуални работници сè уште можат да бидат видени на улица, нудејќи сексуални услуги“.
Со цел да им се даде поддршка на заедницата на сексуални работници, СТАР-СТАР иницираше добротворна кампања за помош на сексуалните работници во Република Северна Македонија, кои имаат потреба од финансиска помош, како и обезбедување на храна и средства за хигиена на сексуалните работници во три града, Скопје, Гостивар и Струмица.
„За многу семејства, приходите од сексуалната работа се или единствен или примарен извор на финансии; за самохрани семејства или многудетни семејства. Сексуалните работници се наоѓаат во навистина тешка состојба, особено поради тоа што се исклучени од националните економски мерки. Тие се соочуваат со губење на своите работни места, драстично намалување на клиентите, а со тоа и губење на приходите од кои им зависи езгистеницијата“.