Соопштение за членови на Здружението согласно превземените мерки за заштита од спречување и ширење на COVID-19 вирусот (Измени во мерките на одлуката)

Согласно препораките на Министерството за здравство со цел обезбедување заштита на здравјето на  населението на територијата на Република Северна Македонија и Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID – 19, усвоени од страна на Владата на Република Северна Македонија и препораките до работодавачите, Претседателот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, на ден 24.03.2020 година, го донесе следниов (копија од анекс на одлуката со број 03-088/1 во прилог на соопштението):

 

АНЕКС НА ОДЛУКА

Бр.03-088/1 од 13.03.2020 година со наслов:

ОДЛУКА

За мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID – 19 помеѓу своите вработени, волонтери и други стручни соработници и членови на СТАР-СТАР Скопје

 

Со одлуката број 03-088/1 во насока на спречување на внесување и ширење на COVID – 19 вирусот, Здружението превзема соодветни превентивни мерки со што го запозна своето членство, колегиум и други стручни соработници.

Со овој анекс, претседателот на Здружението пристапува кон измени во мерката број 1 на спомената Одлука и истата сега гласи:

  1. Извршната канцеларија со седиште во Скопје на улица 11 Октомври 22, се затвара за посети како за своите вработени, така и за своите стручни соработници и членови на Здружението во периодот од 25 март 2020 до 10 април 2020 година;

Мерките од 2 до 4 од споменатата Одлука остануваат непроменети и ќе се применуваат до 10 април 2020 година, доколку тоа не биде поинаку одредено со нова Одлука на претседателот.

Се задолжува одделот за Комуникации на Здружението да го информира своето редовно членство за донесените измени кон Одлуката.

Овој Анекс на Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на нејзиното донесување.

 

Tags: , ,