Соопштение за членови на Здружението согласно превземените мерки за заштита од спречување и ширење на COVID-19 вирусот

Согласно одлуката број 03-088/1 на Здружението СТАР-СТАР Скопје донесена од страна на претседателот на ден 13.03.2020 а следејќи ги препораките на здравствени и државни власти, како и покажување на општествена одговорност во насока на заштита на своите вработени, стручни соработници, волонтери и членови од COVID-19 корона вирусот, го известуваме своето членство за следниве превзмени мерки. (копија од одлука број 03-088/1 во прилог на соопштението).

 

ОДЛУКА

За мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID – 19 помеѓу своите вработени, волонтери и други стручни соработници и членови на СТАР-СТАР Скопје

 

Со оваа одлука заради спречување на внесување и ширење на COVID – 19 вирусот, Здружението ги превзема следниве превентивни мерки:

  1. Извршната канцеларија со седиште во Скопје на улица 11 Октомври 22, се затвара за посети како за своите вработени , така и за своите стручни соработници и членови на Здружението во периодот од 14 март 2020 до 24 март 2020 година;
  2. Мерката 1 може да биде продолжена согласно препораките на здравствените институции и власти;
  3. Вработените, стручните соработници и волонтери, своите работни активности ќе ги извршуваат непрекинато како што е уредено во договорите за вработување, договори за дело и останати авторски договори по принципот “Home office” – работа од дома;
  4. Однапред договорените и закажани службени патувања надвор од државата, вработените, стручните соработници и волонтери, ќе ги реализираат по своја лична проценка за својата безбедност;

Се задолжува одделот за Комуникации на Здружението да го информира своето редовно членство за донесените мерки на Здружението.

Мерките од 1 до 4 од оваа Одлука ќе се применуваат до 24 март 2020 година, доколку тоа не биде поинаку одредено со нова Одлука на претседателот.

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на нејзиното донесување.

Tags: ,