СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ: Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат

Женева, 30 октомври 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат

Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат. Ова е главната порака која македонските невладини организации ја изјавија во Женева пред Комитетот на Обединети нации задолжен за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Елиминација за сите форми на дискриминација кон жените од страна на Република Македонија.

Претставничките од невладините организации во Македонија, изјавија пред Комитетот, дека во периодот од 2008 до 2016 година, 70 жени се убиени во земјава, од кои што 51 е жртва на фемицид односно е убиена само затоа што е жена. А, 80% од нив, се убиени од интимен партнер. Тие потенцираа дека државата потфрли да обезбеди заштита на жртвите на родово базирано насилство.

Пред Комитетот исто така имаше претставничка од СТАР-СТАР организација на сексуални работнички, која истакна дека 68% од нив преживуваат насилство заради нивната работа и се соочуваат со ограничен пристап до здравство, социјални услуги и правна заштита. По заминувањето на Глобалниот Фонд од Македонија и преземањето на финансирањето на програмите за превенција од ХИВ помеѓу сексуалните работници, државата не обезбедува средства за правна помош на сексуалните работници и бесплатни гинеколошки услуги, што влијае врз нивното сексуално и репродуктивно здравје и права.

Комитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените на Обединетите нации се состанува на секои 4 години каде што се разгледува имплементација на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација кон жените. Конвенцијата е ратификувана од Република Македонија во 1994 година.  Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените е усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година. Често опишувана како меѓународен закон за правата на жените, оваа Конвенција го дефинира значењето на дискриминацијата врз жените и утврдува правни обврски за земјите членки да стават крај на таа дискриминација.

Невладини организации: Коалиција Маргини, ХОПС, СТАР-СТАР, Здружение ЕСЕ, Акција Здруженска,Отворена порта Македонија, Европски центар за права на Ромите, Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија – ЛГБТИ Центар за поддршка, Здружение ХЕРА, Здружение Реактор – Истражување во акција, Иницијатива на Ромки од Шуто Оризари, Центар за интеграција – Амбрела, Центар за развој на демократија и иницијативи – ЦДРИМ, Центар за социјални иницијативи Надеж, Здружение Сумнал, Национална федерација на фармери, Национален ромски центар, Мрежа за застапување на Роми, Евроазиска коалиција за машко здравје. 

Во прилог можете да го погледнете видеото со краткото излагање на претставничката од СТАР-СТАР пред Комитетот на Обединети нации за следење на Конвенцијата на Елиминација за сите форми на дискриминација кон жените:

[:]

Tags: , , , ,