Слободниот избор е право, а не привилегија

Ви го пренесуваме во целост говорот на Борче Божинов по повод Маршот на Црвените Чадори во Скопје.

Почитувани претставници на Медиумите,

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје, годинава на 17-ти декември по деветти пат со слоганот“Слободниот избор е право, а не привилегија” се приклучува кон Глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Иако постојат информации дека сексуалната работа во Македонија постои, расте и се проширува во последниве петнаесетина години, државата сеуште нема изградено јасен нормативен систем со прецизно дефинирани мерки за санкционирање на насилства извршени врз сексуални работници. Според тоа, ние сме во ситуација во која проблемот со сексуалната работа се решава од страна на институциите единствено како проблем тесно поврзан со криминални активности, како и од центрите за социјална работа кои се занимаваат со општествени прашања, третирајќи ја доброволната сексуална работа и сексуалните работници како жртви на трговија со луѓе.Во реалноста, институциите кои работат во интерес на безбедноста на граѓаните, многу често не прават разлика помеѓу сексуалната работа и експлоатацијата, така што превземаат мерки за елиминација на сексуалната работа наместо за елиминација на експлоатирањето во сексуалната индустрија. Сето ова влијание на дигнитетот и човековите права на сексуалните работници и ги доведува до постојани закани обесхрабрувајќи ги на насилството да одговорат со пријава до надлежните институции.Според последното истражување на СТАР за доброволна сексуална работа спроведено во мај годинава, кое не претставува репрезентативен примерок и е спроведено само помеѓу сексуални работници кои работат на територија на град Скопје, дојдовме до резултати декакај 34% од испитаниците сексуалната работа им е примарна дејност односно единствена егзистенција, додека пак 66% од нив, покрај сексуалната работа се занимаваат и со други интелектуални дејности. Еден голем дел односно 26% од сексуалните работници се и единствените членови кои остваруваат приходи во семејството.Оттука, базирано врз основа на податоците со кои располагаме, ја истакнуваме потребата од итна и поголема инволвираност на сите засегнати страни во застапувањето запоставување на прашањето за сексуалната работа на политичката и јавна агенда, не само како здравствен туку и како проблем поврзан со трудот и човековите права.

Ви благодарам!