Се одржа Годишно собрание за деловната 2020 година на членовите на здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје

На ден 21.05.2021 година во Хотел Панорамика во Скопје, со почеток на седницата во 12 часот, се оддржа Годишно собрание за деловната 2020 година на членовите на Здружението за поддршка на маргинализирани работници Стар-Стар Скопје.

Седницата на Годишното собрание на членовите на Здружението се состоеше од процедурален, изборен и работен дел. Со седницата на Собранието раководеше Претседателот на Здружението, а членовите на Собранието беа повикани да гласаат по секоја од точките од дневниот ред на седницата.

Во рамки на процедуралниот дел, членовите на Собранието со 27 гласа За, и ниту еден Воздржан или Против, го усвоија деловникот за работа на Собранието.

Во рамки на изборниот дел, беа донесени следните одлуки:

1.Одлука за избор и именување на членови на Комисија за гласање и Претседател на Комисијата за гласање;

2.Одлука за избор и именување на Записничар на Собранието;

3.Одлука за избор и именување на Оверувачи за записникот од Собранието.

4.Одлука за отповикување на Претседателот на Здружението, одземање на правата и ослободување од должностите и обврските

5.Одлука за избор и именување на Претседател на Собранието/Здружението

6.Одлука за избор и именување на членови на Управниот одбор и Претседател на Управниот одбор на Здружението.

Во рамки на работниот дел беа разгледани следните точки од дневниот ред:

1.Разгледување и усвојување на прeчистен текст на СТАТУТ на Здружениетo

2.Разгледување и усвојување на ПРОТОКОЛ ЗА ЧЛЕНСТВО на Здружението

3.Прием на нови членови и одземање членство

4.Разгледување и усвојување на завршната сметка на Здружението за деловната 2020 година

5.Разгледување и усвојување на Десетгодишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружението за периодот од 2010 до 2020 година;

6.Разгледување и усвојување на независни проектни ревизорски извештаи за 2020 година;

Годишното собрание се одржа во услови на пандемија, со почитување на сите важечки мерки и протоколи. Со исцрпување на сите точки на дневниот ред, Претседателот на Собранието во 17 часот ја затвори седницата на Годишното собрание за деловната 2020 година.