На ден 03.03.2022 година во Хотел Панорамика Дизајн&СПА во Скопје, со почеток во 12 часот, се оддржа Годишно собрание за членовите на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2021 година.
Сите членови на Собранието согласно Регистерот на членови на Здружението беа уредно повикани преку Јавен повик за свикување на Годишно собрание на членовите на СТАР-СТАР Скопје за 2021 година, објавен на веб-страницата на Здружението на ден 03.02.2022 година. Покрај Јавниот повик, членовите беа поканети и со покани испратени преку пошта и по електронски пат.
За работата на седницата на Годишното собрание на членовите на Здружението беше предложен дневен ред составен од процедурален, изборен и работен дел, по кој присутните членови на Собранието беа повикани да гласаат по секоја од наведените точките на дневниот ред. Со седницата на Собранието раководеше Претседателот на Здружението.
Откако беше утврден кворум за работа на Собранието, согласно утврдената верификација на присуството на членовите на Годишното собрание, со мнозинство гласови од присутните членови на Собранието беа донесени одлуки за усвојување на стратешки документи на организацијата произлезени од работата на Здружението во деловната 2021 година и докуметни кои се важни во креирањето на нови стратешки цели и приоритети за престојната 2022 година.
Со исцрпување на сите точки од дневниот ред на седницата, Претседателот на Здружението со поздравен говор ја затвори седницата на Годишното собрание на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2021 година.