Сексулани работници кои ја сакаат својата работа!

in_personals.93757.1

Осумнаесетгодишниот Џејмс (тоа не е неговото вистниско име) сонува за тоа еден ден да стане познат филмски работник.
,,Би сакал да снимам филмови и да бидам режисер”, вели овој млад човек.
,,Не сакав да се откажам од своите соништа поради тоа што немав пари, еве сега и не морам”.
Зошто не мора? Затоа што она што тој сега го работи е доста добро платено. Тој работи како ескорт во Лос Анџелес, негови редовни клиенти се возрасни хомосексуални мажи на кој тој им пружа еротски масажи.
,,За една ноќ јас успевам да ја заработам мојата месечна кирија”, вели Џејмс.
Но Џејмс инстира на тоа дека ова што тој го работи не е проституција.
,,Ова е нешто како способност да јас успеам да направам некој да биде среќен и истиот да се ослободи од секојдневниот стрес, а тие луѓе за тоа сакаат да ми платат, и сето тоа е во ред”, објаснува Џејмс.

Image1-300x197

Мајкл (тоа не е неговото вистинско име) е апсолвент во Лузијана. Како геј ескорт работи веќе две години.
,,Студирам биологија, и имам сертификат за завршен курс по прва помош. На овој начин јас успевам да си го платам моето образование”, вели Мајкл.
Мајкл има широк спектар на клиенти од фудбалери па се до свештеници.
,,Интересно е како луѓето го осудуваат она што јас го работам, особено го земаат во предвид фактот дека дел од моите клиенти се и дел од градската власт, адвокати, ваши пријатели, ваши колеги, па дури и вашиот свештеник”.
,,Јас знам за себе дека сум добра особа”
, вели Џејмс.
,,Сакам да им помагам на луѓето, да направам да се чуствуваат подобро. А ова што јас го работам ми овозможува да се грижам и да им помагам на мојата мајка и сестра”.

,,Никогаш не замислував дека ќе ја работам оваа работа”, вели Мајкл.
,,Додека растев и созревав можеби имав други соништа за она што јас би сакал да работам, но на крајот од денот човек работи она што работи, и тоа е тоа!”
,,Ова или го работите бесплатно или вас ќе ве плаќаат за да го работите тоа”, вели Џејмс. ,,Јас одлучив на наплаќам”.