За многу луѓе со кои живеат со инвалидитет, сексот не е опција. Иако повеќето потреби им ги исполнуваат старателите или родителите, сексот во повеќето случаи не е присутен. Но, сега голем број сексуални работници сакаат тоа да го променат, и се посветуваат на пружање посебни услуги со цел да им помогнат на луѓето кои живеат со инвалидитет да ги исполнат своите сексуални желби и потреби.
Сексуалноста на луѓето со инвалидитет паѓа во сенка поради општествените препоставки за тоа што значи да имаш инвалидитет. Сепак, овие луѓе имаат апетити за секс исто како и сите други. „Сексот е основна потреба, исто како и потребата за храна, но обично се мисли дека токму сексот претставува луксуз за овие луѓе, а не нивно право. Се преправаме дека нив не им е потребен секс колку што ни е нас потребен. Во еден момент и јас размислував на таков начин“, вели Пру, сексуална работничка која веќе со години работи со луѓе кои живеат со инвалидитет.
Пру ги отворила очите откако сфатила дека еден од следбениците и коментатори на нејзиниот блог е бизнисмен кој живее со инвалидитет.
Бидејќи тоа и побудило интерес, започнала да истражува што се е потребно за работа со луѓе кои имаат инвалидитет.
„Одлучив да направам страница на мојот сајт каде што напишав дека се занимавам и со клиенти кои имаат инвалидитет и дека ги разбирам нивните потреби како и желбата истите да ги исполнувам“, вели таа.
„Работите кои луѓето ги земаат здраво за готово можат да бидат навистина комплицирани. Кога некој возбуден бодибилдер ќе влезе, ја соблекува кошулата и панталоните за 5 секунди, и не му паѓа на памет дека за луѓето со инвалидитет тоа оди многу потешко. Понекогаш морам да го подигнам човекот од неговата инвалидска количка, пред да можеме нешто да направиме и потоа повторно да го облечам и да го вратам на количката. Навистина може да биде тешко и напорно“.
Но ваквата работа е поблагодарна од онаа со која ја имам со другите клиенти, кажува Пру. Добиваш чувство дека на некому навистина му помагаш. Пру се сеќава на еден случај во кој работела со еден клиент кој имал висок степен на инвалидитет.
„Иако беше многу нервозен, сепак успеа да добие ерекција и се сеќавам дека ме праша дали му се дигнал, бидејќи тој самиот не беше во состојба тоа сам да го утврди. Му ја земав раката и ја ставив доле. Беше навистина среќен. Беше неподвижен и морав јас да бидам врз него. Беше малку незгодно, но сепак успеавме во тоа“.
„Откако завршивме, и кога сфати што се случило, дека сепак успеал во тоа, заплака. Мислел дека ќе умре невин. Еден дел од него сакаше веднаш да си одам, но друг дел сакаше да продолжам. Потоа го повторивме истото. Неверојатно. Повеќе не го видов, но навистина беше трогателно тоа што заплака. Секогаш ќе се сеќавам на тоа“.
Но, работите не одат секогаш по планот. Во една прилика, Пру била со човек кој боледувал од церебрална парализа. „Ме загриза по брадаиците толку жестоко, и ми нанесе огромна болка. Тоа се случи поради лошата координација. Претходно ми се нема ова случено, па малку се исплашив, тоа е исто коа да ја ставаш главата во уста на крокодил“.
За некои луѓе, не се работи само за едно иле две искуства, туку сакаат да стекнат поголемо знаење за сексот, особено за своите способности. Џони Вилс има околу 20 години и боледува од церебрална парализа. Исто така, страда од кортикално нарушување на видот, што значи има потешкотии со препознавање на лица и протолкување на нивните
изрази, што пак му го отежнува градењето на човечки односи. Во своите 20 години реши да ги искористи сексуалните услуги, откако раскинал со својата партнерка од училиште.
„Нејзиниот инвалидитет беше десет пати поголем од мојот, така што било каква сексуална активност беше невозможна, или па таа гледаше така на работите“, вели тој за неговата бивша партнерка. „Станав сексуално
фрустриран, и си помислив зошто тоа го пропуштам, кога сакам да имам сексуално искуство“, рече тој.
Поради таа причина преку интернет закажал сексуална услуга за да може да ја истражи својата сексуалност. „Толку многу научив за нејзе. Не станува збор само за брз секс, туку за стекнување на нови искуства. Со текот на времето подобро ја запознав, стекнав доверба во неа и изградивем еден посебен однос“, вели Џони.
Што се однесува до него, тој сака да стапи во сериозна љубовна врска и верува дека неговите сесии со сексуалната работничка чекори кон тој правец и дека му помага да стекне знаење и самодоверба, која претходно му недостигала.
И сега на сите оние како Џони е полесно да добијат вакви услуги. Тапи Овенс води компанија за сексуални права и правата на луѓето кои живеат со инвалидитет, исто така води и онлајн мрежа која им помага на луѓето на полесен начин да ги добијат своите сексуални услуги.
Нејзиниот мотив да им помогне на клиентите да пронајдат тоа што го бараат и да воспостават контакти, и тоа да претставува прв чекор кон влегување во врска без плаќање.
„Некои луѓе отстапиле од идејата да бидат во прилика да основаат врска“, вели таа. „Мислат дека досега доволно се намачиле и разочарале. Често наоѓаат сексуални работнички со кои се целосно задоволни и едноставно
доволно им е да продолжат со тоа. Но, генерално јас ги охрабрувам, бидејќи на тоа гледаат како на добивање сексуално образование.“
Напорите за да им се помогне на луѓето со инвалидитет да се поврзат со сексуалните работници понекогаш знае да наиде и на отпор. Тапи смета дека нема потреба да се менува законот во Велика Британија спред кој сексуалната работа е легализирана, но многу попратни активности не се, а тоа пак е неопходно да се направи.
Ова прашање предизвикало внимание кај јавноста во 2013 година, кога еден дом за стари лица излегол на медиумите бидејќи во него било дозволено сексуални работници да ги посетуваат пациентите. Се дигна медиумска
бура која довела до истрага на локалните власти. „Нивната реакција беше комплетно исфорсирана. Весниците пишуваа дека проституцијата е нелегална, а тоа никогаш не било случај“, вели Тапи.
На родителите или старателите на луѓето со инвалидитет им е веќе доволно тешко и практично и емотивно. „Имаше една мајка која донела одлука да му помогне на својот син, и едноставно му повика сексуална работничка“, вели Пру.
А за некои пак, тоа да го направат претставува голем чекор и табу. Пру раскажува за една мајка чиј син бил прикован за креветот, а била длабоко религиозна и не би можела да се помири со фактот дека нејзиниот син
го посетува сексуална работничка. „Таа би умрела кога би дознала, дека нејзиниот син плаќа за сексуални услуги“, вели Пру. „Моравме се тоа набрзина да го организираме, да почекаме да излезе од дома, и да завршиме пред да се врати“.
Со сите луѓе со кои имам разговарано ми имаат кажано дека сакаат ваквите услуги да бидат подостапни. „Најмногу што ни треба во моментов е поголем број сексуални работници кои би можеле да ги даваат своите услуги на луѓето кои живеат со инвалидитет“, вели Пру. „Можеби никогаш нема да доживееме време каде сето ова би било вообичаено исто како што е доставата на храна, но сепак мораме да бидеме поотворени на тоа прашање“.
Тапи се гордее со сите деовјки кои се вклучени во нејзиниот фонд и кои ја работат оваа работа. Таа смета дека ако ништо друго, барем треба да им се одадат поголеми признанија.
„Сексуалните работници, особено оние кои работат со луѓето со инвалидитет мора да бидат почитувани и признаени како легитимни работници кои се занимаваат со сјајна работа. Размислете што всушност тие прават, дали вие би влегле во соба со некој, да се соблечете, без никаква поддршка и да му приредите некому искуство кое го немал до сега во животот? Овие девојки се навистина храбри!”

