[:mk]Тешко е да со постигне рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот, во било која област и да работите. Но, кога таа област подразбира секс, таква рамнотежа е уште потешко да се пронајде. Од првите излегувања, па се до долготрајни врски, постои ли воопшто вистински момент на вашиот сексуален партнер да му соопштите дека исто така имате секс и за пари? Кога работев за прв пат како стриптизета, потполно престанав да се забавувам со луѓето. Продавање разни идеи за секс на мажите секоја ноќ, едноставно ми ја згади секоја интима. Долго потоа откако престанав да танцувам, се запознавав со мажи кои беа опседнати со фактот дека сум се соблекувала за пари кога сум имала 18 години. Делуваа разочарано од мене и таа информација на некој чуден начин ги возбудуваше. Но како е кога луѓето имаат секс и за пари и од задоволство? Разговарав со сексуални работници од различни области на оваа професија во врска со
нивниот љубовен живот.
„Најдобрата врска која до сега сум ја имала е со друг сексуален работник“.
Два одговора кои најчесто ги добивам од потенцијалните кандидати за забавување се: „Не, затоа што си сексуална работничка“, и „Да, затоа што си сексуална работничка“. Никогаш не сум им била важна јас како личност. Потполно разбирам кога не можат да се носат со таа информација, но тогаш, имаат и желби да испробуваат некои нови работи во сексот, а ако тоа е единствена причина за која што сакаат да излегуваат со мене, тогаш подобро и нека ме заборават.
Мојата последна врска траеше два и пол месеци. Ќе ме прашаше како ми поминал денот, а јас не сакав да зборувам за тоа. Тоа е затоа што нудам интимни делови од себе со непознат човек, а не сакав мојот дечко да помисли дека не ме добива вистинската мене. Работата е во тоа што навистина уживам во својата работа – ја обожавам! Доживувам оргазам секој пат. Тоа е сјајно, но затоа не се отворам целосно, бидејќи не сакам моите партнери да бидат љубоморни.
„Најдобрата врска која што некогаш сум ја имала е со друг сексуален работник“.
Беше сјајно. Бевме страшно опуштени еден со друг и можевме да зборуваме за сè. Се сеќавам на една прилика во ресторан кога еден пар, кој седеше на соседната маса, зборуваа за тоа како го поминале денот – понуди за работа, презентации, и слично – тогаш јас го прашав партнерот како го поминал својот ден. Си ги раскажавме искуствата со клиентите и се смеевме на глас. Единствена причина што не ни успеа врската е тоа што јас имам деца, а тој беше прилично помлад од мене. Немаше никаква врска со нашата професија. Мислам дека некои сексуални работници умеат да бидат претерано наивни кога се обидуваат да најдат партнер, така што кога на крај ќе успееме да најдеме некој, понекогаш и трпиме повеќе од тоа што би требало. Веројатно тоа е причината што одлучив да останам сама – преголемо малтретирање.
„Жените со кои што излегувам, веднаш претпоставуваат дека сум неуморна секс машина“.
Јас сум машки сексуален работник, специјализиран за свесни перверзии и еротски ритуали. Луѓето се воглавно возбудени кога маж е успешен сексуален работник. Жените со кои што излегувам, веднаш претпоставуваат дека сум неуморна секс машина, а јас сум всушност една прилично нежна душа. Една девојка со која што излегував, мислеше дека се шегувам со нејзе, се додека не и го покажав мојот веб-сајт.
Сега сум во долготрајна врска. Мојата партнерка знаеше да се изнервира кога ќе добиев порака и во последен момент ќе морав да ги откажам плановите, но престанав тоа да го правам за да избегнам конфликт, така што прифаќав само закажување однапред.
Не ги лажам луѓето со кои што се забавувам, но цело време ги лажам останатите луѓе – продавачи, таксисти, келнери и сите останати кои ме прашуваат со што се занимавам во животот. Тоа го правам за да избегнам долги разговори кои сум ги водел милион пати, а не поради срам. Кога си машки сексуален работник, не си премногу дискриминиран за разлика од женските секусални работнички. Луѓето мислат дека знаат како изгледа да излегуваш со сексуален работник – очекуваат болести, дроги и омраза спрема самите себе си. Од моето искуство, вистината е потполно спротивна.
„Ми рече дека тоа го правам само за да привлечам внимание.“
Скоро секој маж со кој што излегував, лошо реагираше на информацијата дека работам како сексуална работничка. Често настапува шок, после кој доаѓа до изненадно преиспитување на се што до тогаш мислеле за мене. Имаше дечковци кои што избувнуваа и ме прашуваа што е најодвратното нешто што некогаш сум го направила – како да на работа ме присилуваат да правам одвратни работи. Други, реагираат сосема нормално, но по некое време никогаш не се јавуваат. Еден дечко со кој излегував, постојано се грижеше дека од мене ќе добие ХИВ и сексуално преносливи болести, со што сфатив колку луѓето малку знаат за оваа професија. Друг дечко, ми рече дека тоа го правам само за да привлечам внимание на себе и дека е фаза која ќе помине.
Кога мојата последна врска стана сериозна, одлучив да се вработам како келнер и да се воздржам од сексуалната професија на некое време. Сфатив дека не можам да бидам емотивно врзан за него ако не ја одобрува професијата со која што се занимавам. Тоа е компромис и во некој либерално, образован свет претпоставувам дека би сретнувал повеќе мажи кои би ме прифатиле во пакет со тоа со што се занимавам.[:]