На сексуалните работници од Шкотска, за прв пат им се отвора можност да се приклучат кон генералниот синдикат на работници на Велика Британија кој моментално брои над 600.000 членови од различни професионални гранки.
Сојузот на синдикати на В. Британија отвора нова гранка која ќе ги покани членовите на сексуалната заедница од цела Шкотска и исто така ќе ги вклучи претставниците на транссексуалната заедница.
Сексуалните работници се надеваат дека со вклучување на нивната заедница во сојузот на синдикати ќе им се отвори можност за донесување на правна лигислатива за регулација на сексуалната работа.
Тие велат дека имаат право да бидат заштитени како и сите други работници.
Реа Волфсон, организатор на синдикатот на работници во Глазгов, вели дека сојузот на синдикати на В. Британија долги години ја поддржува декриминализацијата на сексуалната работа за подобро да ги заштити сексуалните работниците.
“Сексуалната работа е работа и треба да биде безбедна,“ изјавува таа.
Волфсон смета дека сексуалните работници имаат голема поддршка во процесот на подобрување на нивните работни услови.
“Луѓето почнуваат да сфаќаат дека ако сексуалните работници се третираат поинаку, тогаш тоа претставува дискриминација “, вели Реа.
Унијата на сексуалните работници, смета дека Шкотска има лоши закони кои само ги изолираат сексуални работници и ги оставаат без заштита.
Сексуалниот бизнис во затворени простории е нелегален кога вклучува повеќе од еден сексуален работник, што ги тера сексуалните работници да работат сами.
Во 2017 година шкотската влада гласаше за усвојување на “нордискиот модел”, реплицирајќи ги скандинавските закони каде што лицата кои плаќаат за секс се криминализирани, но не и оние кои продаваат сексуални услуги.
Продавањето на секс не е нелегално во Шкотска, но постојат строги закони против “улична проституција“ и работењето во затворени простории т.е во борделите.
Новата гранка на Сојузот на синдикати е отворена за сите во секс индустријата вклучувајќи ги и стриптизерите/ките, бурлеските и го-го танчерите/ките, сексуалните работниците кои работат преку онлајн видеата, луѓето кои снимаат порнографија, т.е вклучува било каква форма на сексуална работа.
Мегара Фури, сексуален работник од Глазгов и една од активисите која се бореше за создавањето на оваа гранка, вели дека ова е одлична можност за сексуалните работници кои работат низ цела Британија да бидат слушнати.
“Сексуалната работа е работа и сексуалните работници имаат право на правна заштита”.