Пандемијата на КОВИД-19 силно се одрази на животите на сексуалните работници резултирајќи со зголемување на насилството, малтретирањето и злоупотребата на сексуалните работници ширум светот.
Од финансиски причини, сексуалните работници принудени се да се состануваат со клиенти со кои не се чувствуваат пријатно или немаат можност да преговараат за безбедносни мерки поради вирусот Ковид 19.
Сексуалните работници дополнително се стигматизираат поради тоа што општествата ги доживуваат како потенцијални за ширење на вирусот. Сексуалните работници – особено оние кои се трансродови или мигранти – се подложни на над-полициски и казнени мерки поврзани со спроведувањето на прописите на Ковид 19.
Сексуалните работници во Велика Британија се соочуваат со зголемено насилство и потешкотии како резултат на ограничувањата и карантините, пренесуваат добротворните организации и организациите за поддршка на сексуални работници. Тие велат дека сексуалните работници се наоѓаат во потешка состојба од било кога. Оние кои ја напуштија сексуалната работа повторно се вратија, други кои имаа редовни клиенти и кои престанаа да работат на улица мораа да се вратат, а некои за прв пат започнаа да се занимаваат со сексуална работа затоа што немаат пари и се очајни. Насилните инциденти се зголемуваат, велат тие, затоа што клиентите ја искористуваат очајната ситуација во која се наоѓаат сексуалните работници. Менталното здравје на работниците претрпе значително многу и резултираше со голем број на сексуални работници кои се на работ на самоубиство.
Норвешката полиција пак, уапси сексуални работнички поради обвинувања дека ги кршат ограничувањата на карантинот. Тие се соочуваат со притвор и протерување од Норвешка иако не направиле било какво друго кривично дело. Медиумските извештаи посочуваат дека некои сексуални работници веќе биле принудени да си заминат од земјата, додека нивните клиенти не биле уапсени.
Во Унгарија, портпарол на Здружението на унгарски сексуални работници изјави дека поради притисокот врз здравствениот систем, во моментов е „скоро невозможно“ да се направат прегледи за сексуално преносливи болести. Од друга страна, овие прегледи се дел од задолжителните здравствени сертификати што се бара да ги имаат сексуалните работници за да можат да работат.
Во Германија, член на трговското здружение за сексуални работници БесД, за медиумите изјави дека многу услуги што се достапни за сексуалните работници без здравствено осигурување се затворени или ограничени.
За трансродовите и бездомните сексуални работници во Берлин, проблемите се зголемуваат. Некои извештаи за транс-сексуални работнички известуваат дека се затворени и засолништата за бездомници, а трансродовите сексуални работници биле одбиени од организациите на жените.
Многу групи за застапување на сексуална работа собраат средства за оние кои се борат за време на пандемијата. Но, овие фундерејзери се само „капка во морето“. Дури и релативно големи средства, брзо се исцрпуваат.
Првиот бран стави многу сексуални работници во егзистенцијална криза. Со продолжувањето на пандемијата и вонредната состојба, проблемите на сексуалните работници на глобално ниво се повеќе се продлабочуваат.