Сексуална работа и расизам: Историски преглед на расизмот во дискриминаторските закони и политики за сексуалната работа, трговијата со луѓе и имиграцијата во Европа

Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) го објави својот прв од серијата Брифинг извештаи за анализа на влијанието на расизмот врз различните аспекти од животот на сексуалните работници во Европа. Во првиот извештај поврзан со „сексуални работници маргинализирани врз основ на раса“, се анализираат дискриминаторските закони за сексуалната работа, трговијата со луѓе и имиграцијата.

Сексуалните работници од различни раси, се важна, но често занемарена група од заедницата на сексуални работници во Европа. Секојдневниот расизам што го доживуваат овие сексуални работници е резултат на европското и северноамериканското ропство, колонијализамот и злоупотребата на сексуалните работници за време на војна. И покрај тоа што ропството е укинато и многу поранешни колонии се ослободени, сепак сè уште постојат расистичките колонијални структури, идеи, стереотипи и практики, и сè уште постојат случаи на сексуална злоупотреба на жени како резултат на дискриминацијата врз основа на расизам.

За сексуалните работници дискриминирани по основ на раса, од кои многумина се мигранти без документи, расизмот и дискриминацијата што ја доживуваат е структурно вкоренет во социо-политичката околина кој вклучува закони и политики против сексуалната работа, трговијата со луѓе и имиграцијата. Овој извештај на заедницата истражува како расизмот е заплеткан во законодавството во Европа. Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) спроведе преглед на историјата на расизмот во Европа во глобалните и националните политики и закони за сексуалната работа.

Брифинг извештајот во целост може да го преземете/прочитате на следниов ЛИНК:

Брифинг извештајот е достапен на англиски јазик.

Tags: , ,