Во последните десет години, на глобално ниво, забележани се зголемени напади врз заедниците на сексуалните работници, не само од владите и политичките актери туку и од радикални феминистички активисти. Додека владите избраа да го решаваат „прашањето за проституцијата“ со директно криминализирање на сексуалните работници или индиректно со казнување преку законите за прекршоци, за употреба и поседување дрога, бездомништво, и сл., радикалните феминистки се мобилизираа и лобираа за воведување на криминализацијата на клиентите (познато и како Шведски модел). Со овој модел се криминализира купувањето сексуални услуги, во исто време ги турка сексуалните работници во подземјето, изложувајќи ги на здравствени ризици и насилство.
Со цел да го подготви своето членство за потенцијални радикални кампањи од страна на феминистичките организации кои се против сексуалните работници, Мрежата за застапување на правата на сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија (SWAN) иницираше разговори со своите членови на теми поврзани со сексуалната работа и феминизмот. По серијата работилници организирани од SWAN, сексуалните работници имаа можност да дискутираат за нивните односи со правата на жените или феминистичките групи, да формулираат контра-аргументи на наративите против сексуалната работа и да научат повеќе за феминистичкото движење и нивната соработка со сексуалните работници.
Овој краток документ е резултат на дискусиите водени на работилниците. Неговата примарна цел е да ги запознае сексулните работници со темата феминизам. Публикацијата, исто така, ги наведува радикалните аргументи за застапување на Шведскиот модел и ги спротивставува со контрааргументите на сексуалните работници. И на крај, овој водич ги истакнува феминистичките принципи на колективите и организациите предводени од сексуалните работници, со цел да им помогнат на активистите за човекови права, социјална правда и права на жените да ги лоцираат борбите на сексуалните работници во поширокото феминистичко движење.