Сексуалната работа и трансродовите лица: Истражување на стереотипите

Систематски проблем

Се чини дека има многу транс лица (особено транс жени) кои се вклучени во сексуалната индустрија. Местата на кои транс лицата ги нудат своите услуги варираат, и можат да работат на улица или пак како ескорти во апартмани или хотели, стриптизери/ки во клубови, до модели пред веб камери. Во својата книга, “Редефинирање на реалноста“,домаќинката на “So POPular” и транс-активистката Џенет Мок излезе во јавноста со изјава дека ја работела сексуална работа со цел да заработи пари и да плати за операција на промена на полот. Следи прашањето, зошто има толку многу луѓе кои работат како сексуални работници? Одговорот може да ве изненади.

Од демографски аспект, транс жените се тие кои најмногу се соочуваат со невработеност и бездомништво во една нација (ако не и во светот). Причините за нивната одлука да се вклучат во сексуалната индустрија пред сè се социјални и економски. Постои побарувачка, а транс жените започнуваат да ја работат сексуалната работа со цел истата да ја пополнат. Мис Бека Бенц, е трансродова жена која откако била отпуштена од својата работна позиција на која била долги 11 години, започнала да работи како сексуална работничка. Кратко по нејзината трансформација, нејзиниот работодавец и рекол дека таа “повеќе не била квалификувана” да продолжи да работи, прекршувајќи ги анти-дискриминаторските политики и закони кон транс луѓето. Иронијата да биде поголема, во тоа време, Бека им помагала на ЛГБТ луѓето во подобрувањето на нивната работна средина.

Бека Бенц не е единствена. Општеството има тенденција да ги гледа транс лицата преку многу строги стереотипи. Секој што има чувство дека не припаѓа на полот со кој е роден, го сметаат за “ненормален”, дури во некои ектремни случаи за “одвратен”. Поради дискриминацијата и стигмата со која секојдневно се соочуваат транс лицата тие се потешко можат да најдат работа. Сепак, постојат голем број на луѓе кои го кријат својот транс статус со цел да ја задржат својата работна позиција.

И покрај многубројните револуционерните протести на трансродовите лица во 21-от век ширум светот, тие се уште се исклучени од општеството. Транс лицата родово дискриминирани и се исклучени од законите за еднакви права и заштита. Тие многу често се отфрлени од своите семејства, партнери или пријатели и не ја добиваат потребната емоционална или финансиска поддршка.

Трансродовите лица се негативно претставени во општеството, особено во медиумите кои секогаш ги претставуваат како нешто да не е во ред со нив. Многу често, медиумите ги сензационализираат транс луѓето за поголем профит. Стигмата кон оваа маргинализирана група е многу поголема од стигмата кон сексуалните работници. Поради тоа, трансродовите лица се потешко можат да најдат работа и затоа се вклучуваат во секс индустријата.

Сигурно се запрашувате: “Зошто транс луѓето едноставно не се обидуваат да добијат редовна работа?” “Настрана од систематските предрасуди кон транс луѓето, нашите непосредни околности често бараат да имаш пари во готовина. Поминав повеќе од една година како невработена. Иако имав неверојатни квалификации и писмо со препорака од мојот поранешен директор, никогаш не добив повратен одговор од интервјуата за работа. Поради тоа започнав да работам како сексуална работничка само за да платам за моите хормони. Многу луѓе кои се инволвирани во сексуалната работа би сакале да имаат “редовна” работа. Нашето општество едноставно не поддржува транс луѓе. Ние сме постојано маргинализирани, постојано сме изложени на потсмев и малтретирање не само во медиумите туку и на улица,“ вели Бенц.

Искоренување на стигмата

Благодарение на моќните транс жени како Џенет Мок, Лора Џејн Грејс, Лавер Кокс и Кејтлин Џенер, стигмата околу трансродовите лица полека почнува да се намалува, сепак долг е патот до нејзиното целосно искоренување. Ова го потврди и Сабина Исца, транс-активистка и сексуален работник во едно нејзино неодамнешно интервју:

“Во моментов, пронаоѓањето на сигурна работа е тешко за многу луѓе. Но, добивам чувство дека многу работодавци не дискриминираат само по основ на родов идентитет и сексуална ориентација, туку и по боја, раса и вера. И лицата кои живеат со телесна и ментална попреченост се гледаат со презир исто како и трансродовите луѓе. Дури ако вашиот работодавец е во ред со тоа што сте транс, можно е колегите да не ве прифатат. Сепак јавноста останува непознат фактор во прифаќање на трансродовите лица. Тешко е за транс лицата да работат во јавни институции особено на места како училишта, градинки каде што се работи со деца, многу е веројатно да ве гледаат како сексуални насилници. Да не ја заборавиме Луси Медоус која беше озогласена во медиумите поради тоа што беше транс-жена и учителка. Таа потоа изврши самоубиство.”

Транс жените се наоѓаат во тешка ситуација кога станува збор за нивно вработување. Медиумите и понатаму ги прикажуваат како насилници, со што пак се создава општо непријателско мислење за оваа маргинализирана група. Сексуалната индустрија често е единствениот начин на егзистенција за повеќето транс жени. Многубројни феминистички организации ги гледаат луѓе во сексуалната работа како луѓе кои треба да бидат “спасени” – игнорирајќи го фактот дека тие влегуваат во секс индустријата по свој споствен избор или околности.

“Најголемиот проблем кај модерното феминистичко движење е тенденцијата да се фокусираат на прашања што се сметаат за тренд и кои се општо прифатени од најважните карактери на феминизмот, тоа се главно успешните жени, средната класа, хетеросексуалци со бела боја на кожата и вработените во медиумите.

Од друга страна пак, водејќи се од својата идеологија, имаат тенденција да ги замолчуваат и отфрлаат маргинализираните жени како што се сексуалните работнички, жените со црна боја на кожата, транс жените кои би можеле да имаат поразлична идеја за тоа што е најважно нешто на кое треба да се фокусираат.

На пример, решенијата предложени од повеќето мејнстрим феминистки за проблемите на сексуалните работници се често поврзани со спроведување на законите или апсење на овие лица, што очигледно не е нешто што еден сексуален работник кој полицијата ја смета за закана би го поддржал… Важно е да се потенцира дека ако некој ја гледа сексуалната работа како своја професија и начин на заработување, тогаш не треба тоа да претставува проблем.

Без разлика дали сексуалниот работник ужива во својата работа или не, тоа не треба да влијае на фактот дека сексуалните работниците имаат потреба да уживаат еднакви права, ” вели Сабина.

На кратко, гласовите на сексуалните работници се игнорираат. Додека сексуалната работа е стигматизирана и сексуалните работници се подложени на постојани закани дека нивните клиенти ќе бидат казнети и/ или затворени – и се додека самите се соочуваат со истите казни – тоа само ја турка работата на маргинализираните луѓе се подлабоко во дупка, при тоа сексуалните работници, без разлика дали се цис или транс, продолжуваат да паѓаат низ пукнатините содадени од ова општество.

Се додека постои овој системски проблем околу транс луѓето, и се додека сексуалната работа е стигматизирана, критикувана и криминализирана, шансите за успех се многу мали. И кога сите оние со пари и моќ продолжуваат да се обидуваат да го одземат единствениот извор на приход на оваа маргиналзирана група, ги става на ризик сите сексуални работници.

Tags: , , ,