Сексуалната работа била составен дел од секојдневниот живот на старите Грци уште од архајскиод период.
Во најзначаните грчки полиси, и особено пристаништата, со сексуална работа се занимавале прилично голем број од населението, и токму од таа причина сексуалната работа преставувала една од првостепените економски активности.
Сексуалната работа била далеку од недозволена активност или работа: полисите не ја осудувале, а јавните куќи биле на општо прифатени. Во стара Атина постојат и записи кој потврдуваат дека познатиот законодавец од тоа време Солон, отворил јавна куќа со умерени цени која била под државна контрола.
Со сексуална работа можеле да се бават жени од било која возраст и исклучиво млади мажи, додека клиенти биле најчесто само мажи.
Демостен во 4 век пред наша ера на јавен собир пред граѓаните изјавил:
Ние ги имаме проститутките за задоволство, љубовниците да ни нудат секој ден нежност, жените да се грижат за нашите деца и да бидат верни чувари на нашите огништа.
Иако во реланоста не било така како што кажал Демостен, едно е сигурно, дека Грците воопшто не чуствувале морална непријатност за користењето на сексуални услуги.
Во исто време, постоеле доста строги казни за прељуба. Казните за вонбрачни сексуални односи со слободна жена биле во иста мера како и казните за силување, односно доколку прељубниците се фатени на дело, измаменито маж имал право да го убие престапникот.
Мажите влегувале во брак на возраст од около 30-тина години, па така младите Грци доста често користеле сексуални услуги.
За постоењето на женската проституција наменета само за жени, не постојат многу извори. Но постојат стари записи каде се споменува терминот хетеростерија, со која се означуваат оние жени кои не се заентересирани за мажи, се претпоставува дека се мисли за сексуални работнички чии клиенти се лезбејки. Лукијан исто така го споменува овој феномен во својата кинга Разговори Хетера, но можно е едноставно да станува збор за една минлива илузија на Платон.
Сексуалните работници биле распоредени по категории. На дното на листата биле πόρναι / порна. Тоа вообичаено биле робинки во сопственост на сводник, односно некој вид на пастир за проститутки, на кој тие му плаќале одреден износ од остварениот приход. Робовладетелот можел да биде слободен граѓанин, бидеејќи станувало збор за вообичаен извор на приход. Сопственикот исто така можел да биде и странец. Најчесто овие сексуални работници биле девојки со варварско потекло.
Во друга категорија биле Независните проститутки кои претходно биле робинки но подоцна стекнале слобода. Нивниот статус бил скоро еднаков како и статусот на љубовничките. Оваа класа на проститутки користеле и разни трикови за себе рекламирање, впрочем пронајдени се сандали на чив ѓон е изрезбан зборот ΑΚΟΛΟΥΘΙ (AKOLOUTHI = “следи ме!”), така оставале трагови за потенцијалните клиенти. Исто така тие користеле и доста нападна шминка, Еубул, претставник на средната атичка комедија, во едно од своите дела се подсмева … нашминкана со оловно белило и образи намачкани со сок од капини…
Овие сексуални работнички биле од различно потекло: странкињи, сиромашни вдовици, робинки кои успеале да ја откупат својата слобода и сл. Во Атина тие морале и официјално да се регистрираат, при што и редовно да плаќаат данок. Цените за нивните услуги е тешко да се проценат, бидеејќи доста варирале.
Млада и убава девојка наплаќала многу повеќе од некоја нејзина повозрасна колешка, до толку што и младите сексуални работничи наплаќале дупло на оние клиенти кои не им биле привлечни. Постојат записи кои покажуваат дека постоеле посебни места каде што работеле возрасните сексулани работнички. Исто така постоеле и така наречени ортачки договори, односно неколку пријатели откупуваат ексклузивно право над една девојка и само тие можат ги користат нејзините услуги.
Друга група на сексуални работници биле Хетаира. Хетаирите не се ограничувале само на давање сексуални услуги, и нивните услуги не биле еднократни, ἑταίρα (hetaíra) впрочем во превод значи придружба.
Од сите жени во Грција, со исклучок на Спартанките, единствено они биле самостојни и имале можност сами да заработуваат за живот. Тие најчесто биле странкињи, една од нив била и Аспазија.
Аспазија, љубовницата на Перикле, најпозната жена од 5 век пред наша ера. Таа ги привлекла крај себе Софокле, Фидиј, Сократ и неговите ученици. За Аспазија постојат и записи во кои се тврди дека таа ги придобила најголемите државници, но и дека успеала да ги фасцинира и филозофите, така што сите тие говореле само позитивни работи за неа.
Светата проституција во Стара Грција не била на исто ниво како на истокот, но постојат записи за храмови каде имало и по илјадници проститутки. Девојките биле носени во храмовите како поклон за боговите.
За машката проституција во Стара Грција има доста податоци. Но, за разлика од женската проституција каде можеле жени од сите возрасти да бидат вклучени, во машката тоа биле само млади момчиња. На Пелопонез особено била развиена машката проституција во чест на богот Дионис. Во одредени делови на Грција тоа било перцепирано како еден вид менторство помеѓу возрасен маж и адолесцент. Во секој случај и машката проституција била апсолутно прифатена од грчкото општество, па така борделите за машки биле на очиглед на сите.



