Салцбург во 2010 година воведе потрошувачка такса од 35 евра за медицински прегледи на лиценцираните сексуални работници кои работат во овој регион, на кои тие требаше да се подложуваат секоја недела.
Оваа Австриска провинција ќе мора да им исплати еден милон евра на сексуалните работници поради наплаќањето на потрошувачката такса, која им била наплаќана незаконски, признаа локалните власти.
Таксата од 35 евра ја плаќале околу 600 сексуални работници кои работат во областа на Салцбург .
-Тие такси биле воведени без правна основа и ние ќе треба да им ги вратиме парите – изјави локален функционер надлежен по ова прашање.
Мерката која беше воведена од предходната социјалдемократска влада, беше оспорена од сопственикот на голем хотел во кои регуларно се нудат сексуални услуги.