Реформата на сексуалната работа во Малта добива поддршка од Европскиот синдикат на сексуални работници

Коалицијата на меѓународни синдикати за сексуални работници и организации за правата на хомосексуалците дадоа поддршка на декриминализацијата на сексуалната работа на Малта.

Владата на Малта моментално е подржана од Меѓународниот комитет за права на сексуалните работници во Европа и е веќе призната на глобално ниво како водечка земја во заштитата на ЛГБТ луѓето.

Со заедничка изјава, овие организации ја изразуваат поддршка до владата на Малта во нејзиниот обид за законски реформи што ќе обезбедат целосна заштита на правата на сексуалните работници.

„Глобално сексуалните работници и нивните организации бараат декриминализација, право на самоопределување и самоорганизација. Нашите организации ги поддржуваат принципите дека законите и политиките што влијаат на маргинализираните заедници треба да се развиваат со значајно вклучување на тие заедници, осигурувајќи се дека се слушнати нивните ставови и барања “-се вели во заедничката изјава.

Организациите тврдат дека политиките што ги криминализираат сексуалните работници, мигрантите и нивната работа,  доведуваат до повеќе насилство и експлоатација. „Овие типови на репресивни средини постојано го нарушуваат пристапот до пристојна работа и правда и доведуваат до зголемени повреди на човековите права“.

Според Коалицијата на меѓународни синдикати за сексуални работници и организации за правата на хомосексуалците Познатиот т.н. Шведски модел, врз сексуалните работници во земји како Шведска, Норвешка, Франција, Ирска и Северна Ирска е пат кон насилство и заразни болести за сексуалните работници.