Сексуалното и репродуктивното здравје постојано добиваат на значење во меѓународните и националните дебати за поттикнување на севкупниот развој кон подобрување на основните човекови и сексуални права.
Овој регистар има за цел да го олесни пристапот на маргинализираните заедници за добивање на еднакви и соодветни здравствени услуги од државниот и приватниот здравствен систем, воедно и мотивација за нивно користење. СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, со спроведување на одредени обуки и активности ги сензибилизира здравствените работници со цел да се обезбеди универзален пристап до основни сервиси за маргинализираните заедници.
Изданието на „Регистар на обучени здравствени работници и останати клучни актери од здравствениот систем за работа со маргинализирани заедници“ можете да го погледнете/симнете ТУКА.