Оваа година, Амстердам ќе биде домаќин на 22-та Меѓународна конференција за СИДА. Биеналната конференција е организирана од страна на Меѓународното здружение за ХИВ/СИДА, кое претставува водечка независна асоцијација на профеционалци на полето на ХИВ од целиот свет.
Конференцијата ќе се одржи од 23 до 27 јули, 2018 година во конвенционен центар – RAI во Амстердам и се очекува да присуствуваат околу 18.000 учесници од целиот свет.
Тимот на регионалната мрежа на заедници од Источна Европа и Централна Азија (EECA), исто така, се приклучува на 22-та Меѓународна конференција за СИДА (22-27 јули, 2018 година во Амстердам, Холандија) со една заедничка кампања насловена “Chase the virus, not people!”.
Целта на оваа кампања е да привлече внимание за проблемите на клучните групи од населението во однос на катастрофалната состојба со епидемијата на ХИВ/СИДА во регионот, како и за сеопфатна поддршка на регионот од страна на светската заедница. Мрежата на клучните заедници од регионот се приклучи во кампањата со цел да го привлече вниманието на светот за надминување на дискриминацијата и стигматизацијата на ранливите заедници, што пак претставува клучен фактор за намалување на епидемијата на ХИВ во земјите на EECA.
Сите заедници на регионалната мрежа, вклучувајќи ја и заедницата на сексуални работници за време на конференцијата ќе имаат свој павилјон на кој ќе ги презентираат своите активности и настани.
Учеството на регионалната мрежа на Меѓународната конференција за СИДА, со својата кампања е од големо значење за сите заедници вклучени во платформата. За подетални информации за кампањата, посетете ја chasevirus.org.
Исто така, можете да ја следите кампањата “Chase the virus, not people!” на следниве социјални мрежи: Фејсбук, Твитер и Инстаграм преку хаштагот #ChaseTheVirusNotPeople
Ние ќе успееме само ако стигнеме до нула дискриминација и стигматизација.