РЕВИДИРАН СТРАТЕШКИ ПЛАН 2018 – 2020 (ревизија 2019)

Во последниот квартал на 2019 година СТАР-СТАР согласно претходниот план спроведе ревизија на Стратешкиот план 2018 – 2020 и на годишниот план за 2019/2020 година со цел да се вгради влијанието од настанатите промени во контекстот после 2017 година, но и да се ревидираат и насочат програмите и активностите соодветно според потребите кај целните групи. Процесот на ревизија се спроведуваше во две фази и тоа: 1) во првата фаза тимот на СТАР-СТАР самостојно спроведе проверка и преглед на спроведените активности согласно планот, подготви ажурирана SWOT анализа за делувањето, како на централната канцеларија во Скопје, така и на двата ограноци во Гостивар и Струмица и 2) во втората фаза се реализираше дводневна работилинца со тимот на СТАР-СТАР на која под водство на надворешни фасилитатори од консултантската фирма Стратешки менаџмент системи – СМС се идентификуваа промените во контекстот, интерните сили и слабости како и потребата за ревизија и дополнување во однос на потребите на целните групи и крајните корисници (Прилог 1 SWOT анализа).

Документот за РЕВИДИРАН СТРАТЕШКИ ПЛАН 2018 – 2020 на Здружението може да се прочита/преземе на следниот линк:

Ревидиран стратешки план 2018 – 2020 

Tags: