Скајп екранот на Кевин е со заклучена профил слика за време на траењето на повикот. Тоа се тие детали што го прават разговорот тотално анонимен, со оглед на темите на кој дискутираат луѓето со Кевин. Кевин не е неговото вистинско име, или како што тој вели :
– Не сакам сајбер фанатазијата да премине во мојот личен живот
Кевин е 22 годишно момче кое живее во Вентура, Калифорнија. Тој е интернет изведувач (cam boy). Тој минатата година седум месеци живеел и делел куќа во Северна Калифорнија, каде во неговата спална соба – студио тој работел покажуваајќи се на веб камера на повеќе од 1000 он лајн корисници кои плаќале по минутажа. Во првиот месец од неговиот престој таму, тој за прв пат имал секс со својот колега , бидеејќи тоа го побарале гледачите (корисници).

– Да бидам искрен, на почетокот јас несакав да имам секс со него, потоа мислев дека тоа е само бизнис, бидеејќи тоа е во склоп на работата. Но очигледно тоа не профункционира така, ние подоцна завршивме како љубовници.– вели Кевин.
Исто така Кевин објаснува дека не е лесно да се опуштиш и да разговараш или да покажуваш интимни делови од своето тело со некој на кого ниту лицето не му го гледаш. Секојдневните разговори со клиенти од целиот свет со разни фетиши и желби , некогаш може да биде и забавно – објаснува Кевин.

Низ насмевка раскажува и ситуации во кој тој не се чуствувал баш најпријатно, тоа најчесто биле моменти кога љубоморни редовни клиенти очајно посакувале Кевин да им биде партнер.
Едно нешто е сигурно – Кевин не е трагедија на сексуалната индустрија. Како што и самиот тој кажува дека го има чуството на неразбирање од средината и пријателите, но истовремено и длабокото чуство на самосвест.
Тој не е глупав, тој не е плиток. Тој е само дел од нешто ново. И тој исто така не е сам и еднствен во овој бизнис.
Заедно со уште илјадници други момчиња кои преку нивните веб камери тие се впуштаат во најстарата професија на светот но во дигиталниот свет , кој нема граници. Поминаа деновите кога геј популацијата се сретнуваше и бараше ескорти во јавни вециња или темните паркови.
Сега постојат безброј веб страни кои нудат целосни профили со геј ескорти каде има детални физички описи, големина на пенисот, улога во сексот, и фетиши кои се на листата на дозволени (s,m,xl,xxl,Vers.,Влакнест/бричен, СМ игри,златен туш и сл.)

Рони е 19 годишно момче и живее во Берлин. Тој наплатува по 120 евра на час, за услуга на повик, неговите клиенти ги договара преку веб сајт на својот iPad.
– Имав профил на најголемата меѓународна геј социјална мрежа на интернет каде секојдневно разговарав со десетици луѓе – вели тој.
Од време на време постари момци ќе ми пишеа за да ми понудат пари во замена за секс. На почеток овие понуди ги игнорирав, но потоа имаше еден лош период од мојот живот и ми требаше нешто ново, што ќе ми го одвлече вниманието.
Следната понуда која пристигна ја прифатив, и тоа беше моето прво искуство како ескорт момче. Сватив дека е доста интересно и парите кои ги добив беа добри, па седнав и го направив мојот прв ескорт профил на интернет.

Завршија генерациите за кои ние знаевме пред интернетот. Живеењето во изолиран свет како што е во случајот со геј заедницата, каде порано се сретнувале по тоалети, паркови и темни клубови и тоа само во големите градови, тие времиња завршија. Сега е ерата на интернетот, на лесен пристап до секс, стотици апликации за паметни телефони кои ви нудат да го пронајдете најблискиот до вас ескорт или партнер на кое било место на планетата или од било која возраст, со еден збор да се најдат сексулано достапни момци во метри.
Но тоа создаде заедница на реални вредности или само засилена латентна побарувачка гледано од страна на олеснетиот пристап? Дали тоа и помогна или и одмогна на геј заедницата?
– Ако би живеел во време во кое нема интернет, јас мислам дека не би ја работел оваа работа – вели Рони.
Без интернет се сомневам дека ќе се имав можност вака брзо да се развијам сексулано, најверојатно ќе останев во мојот мал приватен свет без да знам што се случува надвор. Одговорно тврдам дека сепак интернетот има позитивно влијание. Дознав што сакам и што не сакам преку интернет. Но секој треба да дознае повеќе од самиот себе.
Јас не мислам дека довребата може да се гради исто како кај стрејт луѓето – вели Кевин.
Исто така јас не мислам дека да се биде моногамен е основа за довреба. На некој начин тоа е моето барање до мојот партнер и сега и во иднина да го прифати мојот виртуелен живот, мојата он лајн работа, тоа не е исто со моите чуства кон него. Дефинирање на довребата на сосема поинаков начин тоа е мојот став.
Можеби тоа е новиот механизам за надминување на моралниот и емоционалниот парадокс или можеби е почеток на нов вид на сексуалноста изградена помеѓу поделбата на виртуелни и вистински?

За мене има многу реална димензија она што го правам – вели Рони, тој создава своја дефиниција. Јас работам во еден клуб, танцувам таму, работам како ескорт, сето тоа јас го менаџирам он лајн, на крајот јас ја нудам услугата лице в лице со моите клиенти. Тоа не е нешто што се случува зад екранот, така што јас не би правел никаква поделба помеѓу реално и виртуелно.
Слушаајќи ги Кевин и Рони е јасно дека нивните геј идентитети ги дефинираат првенствено преку полот. На крајот од денот тие се таму каде што е и целата заедница, до наредниот напредок на технологијата овој разговор ќе станува уште покомплексен отколку што веќе е.