ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРАВСТВЕНИ , СОЦИЈАЛНИ И ПРАВНИ УСЛУГИ

Во Република Македонија, младите сексуални работници/чки, особено жените, имаат потешкотии во пристапот до здравствените, социјалните и правните услуги што е резултат на дискриминацијата и маргинализацијата на оваа група. Лошата достапност и неадекватноста на услугите на СРЗ (Сексуално и
репродуктивно здравје), како и неадекватната или ненавремента социјална и правна помош кои им се потребни на младите сексуални работници/чки резултира со зголемување на присуствотото на СПИ (сексуално преносливи инфекции), намалување на квалитетот на живот, непрепознавање на нивниот статус во општеството и несоодветни услови за работа.

Во Македонија, младите сексуални работници/чки најчесто ги добиваат здравствените, социјалните и правните услуги преку граѓански организации, додека пак истите се лимитирани и потешко достапни во јавните институции. Потешкиот пристап до услуги во јавните институции е резултат на неинформираноста на сексуалните работници/чки за постоењето на истите во јавниот сектор, стравот од потенцијална дискриминација од страна на професионалните работници, како и намалениот кавалитет на услугите.

Со ограничениот пристап до здравствени, социјални и правни услуги, се зголемува ризикот од појава на насилство, дискриминација и сериозни повреди врз животот и здравјето на младите сексуални работници.

Целото истражување Проценка на потребите на младите сексуални работници во однос на здравствени, социјални и правни услуги може да се прочита/преземе ТУКА.

Tags: , , ,