Во Република Северна Македонија, младите сексуални работници/чки, особено жените, имаат потешкотии во пристапот до здравствените, социјалните и правните услуги што е резултат на дискриминацијата и маргинализацијата на оваа група. Лошата достапност и неадекватноста на услугите на СРЗ (Сексуално и репродуктивно здравје), како и неадекватната или ненавремента социјална и правна помош кои им се потребни на младите сексуални работници/чки резултира со зголемување на присуствотото на СПИ (Сексуално преносливи инфекции), намалување на квалитетот на живот, непрепознавање на нивниот статус во општеството и несоодветни услови за работа.
Во Р.С. Македонија, младите сексуални работници/чки најчесто ги добиваат здравствените, социјалните и правните услуги преку граѓански организации, додека пак истите се лимитирани и потешко достапни во јавните институции. Потешкиот пристап до услуги во јавните институции е резултат на неинформираноста на сексуалните работници/чки за постоењето на истите во јавниот сектор, стравот од потенцијална дискриминација од страна на професионалните работници, како и намалениот кавалитет на услугите.
Со ограничениот пристап до здравствени, социјални и правни услуги, се зголемува ризикот од појава на насилство, дискриминација и сериозни повреди врз животот и здравјето на младите сексуални работници.
Целото истражување може да го прочитате ТУКА