Протокол за членство

Врз основа на Oдлука на Собранието на Здружението бр. 02-131/1 од 25.03.2023, донесена и усвоена на Годишно собрание на Здружението за деловната 2022 година, престанува важноста на Протоколот за членство на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, заведен под број 02-470/2 од ден 09.11.2020 година, и отпочнува важноста на Протокол за членство на Здружение за поддршка на маргинализирани заедници СТАР-СТАР Скопје (пречистен текст, последна измена 2023 година), со број 02-131/2 од 25.03.2023 година.

Член на Здружението може да биде секој полнолетен поединец и граѓанин што ги споделува визијата, мисијата, целите, вредностите, начелата и правилата за работа на Здружението. Сите членови на Здружението имаат еднакви права и обврски, без оглед на нивната расна, етничка, верска, религиска, политичка, полова или родова припадност, социјален, имотен или образовен статус, сексуална определба, како и разлики по било која друга основа.

Здружението води две (2) категории на членство:

-Членови од редовите на заедницата која што Здружението ја застапува;
-Поддржувачи на визијата, мисијата, целите и вредностите на Здружението.

Кандидатите за членови со намера да стекнат членство со право на глас во Здружението, а се идентификуваат како припадници на заедницата која што Здружението ја застапува, до Здружението поднесуваат:

Здружението овозможува и регистрирање на поддржувачите на СТАР-СТАР Скопје кои не припаѓаат од редовите на заедницата која Здружението ја застапува, а кои ја поддржуваат мисијата и визијата на СТАР-СТАР Скопје, и директно или индиректно придонесуваат во застапување на каузата на Здружението, и до Здружението поднесуваат:

Протоколот за членство на Здружението може да се прочита/преземе на следниот линк:

ПРОТОКОЛ ЗА ЧЛЕНСТВО на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (пречистен текст, последна измена 2023 година). 

Tags: