Протестен марш на Платформата за ХИВ

На 1ви декември, Меѓународен ден за борба против СИДА, организираме протестен марш да го изразиме нашето незадоволство од донесувањето на скратениот буџет за националната програма за ХИВ, да дадеме поддршка на лицата кои живеат со ХИВ и оддадеме почит на лицата кои ги изгубиле животите од СИДА.

Настанот ќе започне со прес конференција пред Министeрствотo за здравство во 12:05 часот (место на собирање во 11:30 часот во Паркот на новинари), и ќе продолжиме до плоштад.

Во националната програма за ХИВ за 2017 година неопходни се најмалку 65 милиони денари од буџетот на Република Македонија, според проценките на домашни експерти што ги ангажираше Министерство за здравство. Наместо тоа предлог – Буџетот на Република Македонија за 2017 година предвидува само 27 милиони денари.

Ве повикуваме да го поддржите нашиот Протестен Марш, да ја информираме гласно јавноста и донесувачите на одлуки зошто е важно да се обезбедат средства за програмите за превенција на ХИВ и што значат тие програми за лицата на кои најмногу им се потребни.

Срдечен поздрав,
Платформа за ХИВ