Програма за сервиси и поддршка на сексуалните работници

Програма за сервиси и поддршка на сексуалните работници

Стратешки приоритет: Сеопфатна поддршка за сексуално и репродуктивно здравје на сексуалните работници и унапреден пристап до социјална и правна заштита

Стратешки цели:

  1. Зголемена грижа и сеопфатна поддршка за сексуалното и репродуктивното здравје на сексуалните работници;
  2. Зголемена грижа и подобрена поддршка во пристапот до социјална и правна заштита.

Сервиси: 

  1. Услуги за сексуално и репродуктивно здравје

– ХИВ превенција – основен пакет (кондоми, лубриканти едукативни материјали) и современи превентивни методи;

– ХИВ тестирање и советување (во соработка со ХЕРА);

– Мобилна гинеколошка амбуланта (во соработка со ХЕРА);

– Врсничка поддршка и советување за сексуално и репродуктивно здравје кај сексуални работници;

– Препраќање до други организации или институции за остварување на права од здравствена заштита.

  1. Услуги за социјална заштита и поддршка

– Советување за социјална заштита на сексуални работници;

– Врсничка поддршка и советување за социјална заштита на сексуални работници;

– Препраќање до други организации или институции за остварување на права од социјална заштита;

– Материјална и хуманитарна помош.

  1. Правна заштита и поддршка

– Документирање на прекршување на права на сексуални работници;

– Препраќање до други организации или институции за остварување на правна заштита;

– Врсничка поддршка и советување за правна заштита на сексуални работници.