Програма за сервиси и поддршка на сексуалните работници
Стратешки приоритет: Сеопфатна поддршка за сексуално и репродуктивно здравје на сексуалните работници и унапреден пристап до социјална и правна заштита
Стратешки цели:
- Зголемена грижа и сеопфатна поддршка за сексуалното и репродуктивното здравје на сексуалните работници;
- Зголемена грижа и подобрена поддршка во пристапот до социјална и правна заштита.
Сервиси:
- Услуги за сексуално и репродуктивно здравје
– ХИВ превенција – основен пакет (кондоми, лубриканти едукативни материјали) и современи превентивни методи;
– ХИВ тестирање и советување (во соработка со ХЕРА);
– Мобилна гинеколошка амбуланта (во соработка со ХЕРА);
– Врсничка поддршка и советување за сексуално и репродуктивно здравје кај сексуални работници;
– Препраќање до други организации или институции за остварување на права од здравствена заштита.
- Услуги за социјална заштита и поддршка
– Советување за социјална заштита на сексуални работници;
– Врсничка поддршка и советување за социјална заштита на сексуални работници;
– Препраќање до други организации или институции за остварување на права од социјална заштита;
– Материјална и хуманитарна помош.
- Правна заштита и поддршка
– Документирање на прекршување на права на сексуални работници;
– Препраќање до други организации или институции за остварување на правна заштита;
– Врсничка поддршка и советување за правна заштита на сексуални работници.