24-тата Меѓународна конференција за СИДА 2022 ќе се одржи со хибридно присуство во Монтреал, Канада. По повод одржувањето на овогодинешната конференција, организацијата членка на NSWP – Stella, l’amie de Maimie која претставува канадска група на сексуални работници посветена на подобрување на квалитетот на работата и животот на сексуалните работници изработи специјално издание од своето годишно списание за сексуалните работници.
Годишното списание ConStellation, изготвено од и за сексуалните работници ја вклучува програмата наменета за сексуалните работници на Меѓународната конференција за СИДА. На овој начин, сексуалните работници, организациите, соработниците и сојузниците кои работат за застапување на правата на сексуални работници ќе можат полесно да се ориентираат и да ги пронајдат содржините за сексуална работа.
Списанието вклучува информации за презентации, панел дискусии, изложби, филмови на тема сексуална работа.
Сите активности и видеа поврзани со сексуалната работа а кои ќе произлегуваат од конференцијата ќе бидат објавувани на веб-страницата на NSWP.
Линк до изворната објава: https://nswp.org/resource/member-publications/sex-work-content-the-24th-international-aids-conference
Пристап до годишното списание ConStellation во ПДФ формат: Stella_AidsConference_Web