[:mk]Прирачник со меѓународни стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет[:]

[:mk]Денеска во ЕУ  Инфо Центарот во Скопје се одржа промоција на Прирачникот со меѓународни стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во издаваштво на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ а како автор се јавува Наташа Бошкова.

2014-02-19 13.30.03

Бошкова истакна дека во прирачникот се претставени одредбите за забарана и заштита од дискриминација во најзначајните меѓународни договори за заштита на човековите права усвоени од Обединетите Нации како и правната пракса на одделните Комитети во случаи на заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, како и препораките и согледувањата на Комитетите во врска со сексуалнта ориентација и родовиот идентитет како заштитени основи. Понатаму, дадени се најзначајните пресуди на ЕСЧП во врска со случаи за заштита на правата на лицата со различна сексуална ориентација и родов идентитет. И на крај, прирачникот дава осврт на правната рамка на ЕУ и неколку случаи на Европскиот суд на правдата.

Излагање на промоцијата и свој осврт кон прирачникот дадоа и Душко Миновски- Претседател на Комисијата за заштита од дискриминација и Маргарита Цаца Николовска-Судијка на Уставниот суд во БиХ. Тие ја истакнаа потребата од овој прирачник во работата на Комисијата, адвокатите, судиите но и потребата од користење на овој прирачник од страна на судиите и останати вклучени во правосудниот систем како би стигнале до директна примена на меѓународни стандарди.

Целта на овој прирачник е да се поттикне создавањето на правна пракса за заштита од дискриминација со примена на меѓународните стандарди за заштита на човековите права на национално ниво.[:]