Во Клубот на новинари имавме прес-брифинг и промоција на ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ на Коалицијата `Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници` за 2013 година.
Извештајот содржи резултати и заклучоци произлезени од мониторинг на целокупната социо-политичка ситуација во Р. Македонија поврзани со сексуалните и здравствени права на маргинализираните заедници: ЛГБТИК популацијата, корисниците на дрога, сексуалните работници/чки како и луѓето кои живеат со ХИВ, во рамките на изминатата година.
Со новинарите разговараше Наташа Бошкова, правничка во коaлицијата СЗПМЗ.
Извештајот можете да го преземете на следниов линк