Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници ве поканува на презентација и јавна дебата на тема „Влијанието на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010–2020 година кон унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на маргинализираните заедници“.
Коалицијата во текот на изминатиот период ја изготви анализата „Заборавената стратегија- Процената на влијанието на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010–2020 година кон унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на маргинализираните заедници“, чии резултати ќе ги презентираме на самиот настан. Во моментот, Министертвото за здравство спроведува процес на ревезија на стратегијата со цел нејзно поуспешно спроведувње. За таа цел на дебатата поканивме претстваници од Министертвото за здравство и од Инстотутот за јавно здравје со цел да ги дискутираме можностите за оживување на овој стратешки документ, понатамошна заедничка имплементација на мерките и активностите од стратегијата и конкретен придонс кон унапредувањето на сексуалното и репродуктивното здравје на граѓаните, особено на маргинализираните групи.
Презентација и дебата „Влијанието на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010–2020 година кон унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на маргинализираните заедници“ е на 26 април со почеток од 11 часот во ЕУ Инфо Центарот.