Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ заедно со Институт за етнологија и антропологија ве покануваат на предавањето на антропологот Лора Агустин во петок на 15ти декември, во 18 часот во Public Room. Инспирирани од книгата ‘Sex at the Margins’ на Лора Агустин, го организираме ова предавање во рамки на деновите против насилството врз сексуалните работници. Предавањето е поддржано од Фондација Отворено општество – Македонија и Civica Mobilitas.
*Во текот на предавањето ќе биде обезбеден симултан превод.
Книгата на Лора Агустин ни покажува како сексуалната индустрија функционира како несигурен пазар на труд за жените, вклучувајќи ги и недокументираните мигранти. Во оваа книга се наведува т.н. “спасувачката индустрија“, т.е. моралните претприемачи кои тврдат дека зборуваат за сите луѓе кои продаваат секс (најчесто се тоа жените) и ги претвораат во жртви на трговија со луѓе. Оваа извонредна книга разбива неколку митови: дека продажбата на секс е сосема поинаква од која било друга работа; дека мигрантите кои продаваат секс се пасивни жртви; и дека мноштвото луѓе што сакаат да ги спасат, се без личен интерес.
Лора Агустин покренува страстен случај против овие стереотипи, тврдејќи дека етикетата „тргувана“ погрешно ги опишува животите на мигрантите и дека „индустријата за спасување“ всушност ги обезмоќува. Врз основа на детално истражување меѓу мигранти кои продаваат секс и социјални помошници, „Секс на маргините“ обезбедува радикално поинаква анализа. Често, вели Агустин, мигрантите прават рационални избори за патување и работа во секс индустријата. Иако се третираат како маргинализирана група, тие се дел од динамичната глобална економија.
Моќна и контроверзна, оваа книга е од суштинско значење за сите оние кои сакаат подлабоко да ја разберат важната врска меѓу половите пазари, миграцијата и желбата за социјална правда.
*Во рамки на деновите против насилство врз сексуалните работници ќе се случува перформансот Skopje Red Light District во сабота на 16ти декември, а во недела на 17ти декември ќе се случува маршот на црвените чадори за одбележување на меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.
** Д-р Лoра Агустин е антрополог кој ја проучува недокументираната миграција, неформалните пазари на трудот, трговијата со луѓе и сексуалната индустрија. Преку својот блог The Naked Anthropologist, и преку своите јавни излагања, таа критички говори за изедначувањето на термините „трговија со луѓе“ и „проституција“. Агустин тврди дека тоа што таа го нарекува „индустрија за спасување“ често им припишува статус на жртва на луѓето (најчесто се тоа жени) кои направиле свесни и рационални одлуки за мигрирање знаејќи дека ќе продаваат секс и кои не се сметаат за жртви. Таа вели дека ваквите погледи за проституцијата потекнуваат од тоа што таа го нарекува „фундаменталистички феминизам“. Агустин се залага за културно студирање на комерцијалниот секс, пристап преку теоретската рамка што таа ја создала во списанието Sexualities во 2005 година.