Во тек е првиот дел од обуката за нови советувачи за ХИВ тестирање во организација на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје, во рамите на проектот: „Сексуални работници/чки и даватели на здравствени услуги во заедничка акција за давање сеопфатни услуги за ХИВ и СПИ без стигма и дискриминација за сексуални работници/чки во Република Северна Македонија“. На обуката учество земаа 8 сексуални работници од Скопје, Гостивар и Струмица.
Вториот дел од обуката ќе се одржи од 04.08 – 06.08.2020, со цел учесниците да добијат акредитација за советувачи за ХИВ.