Овој краток прашалник е наменет за луѓето од ЛГБТИ заедницата со цел членките-организации на ЛГБТИ Мрежа / Rrjeti LGBTI / LGBTI Network да можат адекватно да одговорат на потребите на заедницата во време на КОВИД-19.
Прашалникот е наменет само за лицата кои се идентификуваат како: Лезбејки, Геј мажи, Бисексуалци, Трансродови лица, Интерексуални лица, Квир лица.
Ова истражување има за цел да ги утврди ефектите и влијанието кои ги има здравствената криза предизвикана од вирусот КОВИД 19 врз ЛГБТИ заедницата. Исто така, има за цел да ги утврди проблемите со кои се соочува ЛГБТИ заедницата во периодот на само-изолација и важечките мерки за заштита од вирусот. Истражувањето се прави на територијата на Република Северна Македонија во месец април 2020. За пополнување на прашалникот ќе ви бидат потребни 10-15 минути. Прашањата се однесуваат на вашите лични искуства на преживеани искуства на прекршувања на вашите човекови права поради вашата сексуална ориентација и/или родов идентитет во рамки на образованието, работното место и пристапот до здравствени услуги. Прашалникот исто така ќе вклучи прашања кои се однесуваат на вашите перцепции во однос на пристапот до услуги, односно за односот на службениците и ефективноста од работењето на институциите и организациите. За специфичните термини вклучени во прашањата, подготвен е поимник со дефиниции кои може да ги прочитате под прашањата. Пополнувањето на прашалникот е целосно анонимно. Секоја информација која ќе се обезбеди во текот на истражувањето ќе биде доверлива. Податоците од истражувањето нема да се користат за индивидуално прикажување на случај. Тие ќе бидат објавени во финален извештај и ќе бидат збирно прикажани во табели, графикони и/или дијаграми. За да обезбедиме точни податоци, ве молиме за искрени и целосни одговори. Пополнувањето на прашалникот, може да го прекинете во кое било време, без никакво објаснување за причините за тоа.
Пополнете го прашалникот на следниов линк:
https://bit.ly/2znCY1t