Ви испраќаме повик за солидарност! Првиот колектив на сексуални работници СТАР-СТАР од Скопје, годинава по седми пат се приклучува кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници во пресрет на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, 17-ти декември. По тој повод, Ве повикуваме на 17-ти декември заедно да марширате со нас и заеднички да ги охрабриме сексуалните работници кои годинава за прв ќе застанат во првите редови и ќе го предводат маршот.
МАРШ НА ЦРВЕНИОТ ЧАДОР
СРЕДА, 17 ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТ
ТРГНУВАЊЕ ОД ПРЕД “PLAY CAFE” НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА
Ова е Марш кој и пркоси на небезбедноста, а портрет на оние кои ги креираат судбините на сексуалните работници и живеат еден поинаков свет во своето Скопје, за разлика од “курвите” кои ја издржуваат грубоста на улиците. Иницијативата за овој ден доаѓа од Д-р Ени Спринкл (сексуална работничка) по извршениот масакр врз сексуални работници во Грин Ривер. Откако бил фатен сторителот на масакрот Ели Спринкл изјавила: “Имаме потреба од итна акција. Да се потсетиме сите ние на моите сестри – курви, кои умреле толку ужасно и непотребно. Ние нема да престанеме да маршираме додека нашите сестри курви не се безбедни на улица, ниту дома”. Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената е боја на убавината, а чадорот штити од надворешни влијанија, лоши клиенти, макроа и слично. Ве молиме придружете им се на десетиците сексуални работници кои ќе го предводат овој марш. Овој настан има особено значење за нас.