Поделени 23 детски пакетчиња на многудетни семејства и самохрани родители од заедницата на сексуални работници

СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, ја спроведе четвртата од серијата на хуманитарни акции наменети за деца од многудетни семејства и самохрани родители од заедницата на сексуалните работници, кои се наоѓаат во исклучително тешка финансиска состојба предизвикана од КОВИД-19 пандемијата. Им се заблагодаруваме од се срце на ХЗ Самарјанска торба – Скопје и Здружение – Љубители на Христијанското Евангелие на РСМ за нивната донација од детски пакетчиња.

Во изминатата недела, поделени се вкупно 23 детски пакетчиња, во Скопје, Гостивар и Струмица. Навистина сме горди, што успеавме во оваа криза да ги израдуваме најмалите и да изнудиме насмевка не само на лицата на децата туку и на возрaсните.

ДОНИРАЈ! НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ.

ЗА ДОНАЦИИ ОД ДОМА
Број на жиро с-ка:
СТАР-СТАР СКОПЈЕ КОВИД-19 ДОНАЦИИ
210-065896341011
НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ