Поделени хуманитарни пакети на сексуални работници по повод верските празници Велигден и Рамазан Бајрам

По повод христијанските и исламските верски празници, СТАР -Првиот Kолектив на Сексуални Работници на Балкaнот на сексуланите работници им подели ваучери за храна и хуманитарни пакети. Имено, на сексуалните работници им беа поделени 8 ваучери за храна во Скопје и беа дистрибуирани 11 пакети со прехранбени производи во Струмица и Гостивар.

СТАР -Првиот Kолектив на Сексуални Работници на Балкaнот секогаш излегува во пресрет на сексуланите работници со низа хуманитарни донациски акции кои имаат за цел да им помогнат за сексуалните работници во овие тешки времиња на пандемија, кои и онака се доведени до работ на егзистенција.