Поддршка за барањата на сексуалните работници- мигранти по повод одбележувањето на 18-ти октомври – Светски ден за борба против трговија со луѓе

Денес, 18 октомври 2021 година, се одбележува Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе. По тој повод Европската мрежа за унапредување на правата и здравјето на сексуалните работници -мигранти (ТАМПЕП) подготви листа на барања во насока на заштита на правата на сексуалните работници-мигранти и нивното здравје особено во време на криза кои ќе бидат испратени до европските и националните службеници и креатори на политики:

  1. Гарантиран пристап без пречки до здравствени услуги и вакцини за сите, вклучително и за сексуални работници-мигранти и други потенцијално криминализирани заедници во согласност со препораките на УНАИДС;
  2. Пристап до јавни услуги и финансирање без казнување или ризик од депортација;
  3. Да се забрани користењето на пандемиските прописи за неправедно апсење, приведување, казнување и депортирање на сексуалните работници-мигранти;
  4. Да се осигура дека ниту едно лице нема да биде присилно затворено или задржано поради надминување на визните дозволи за престој поради причини поврзани со КОВИД-19;
  5. Да се ​​спроведат миграциски политики кои се инклузивни и ги почитуваат човековите права на сексуалните работници мигранти, и кои гарантираат за нивна правна заштита.

Одбележувањето на овој ден преку лобирање за човековите права и слободи на сексуалните работници-мигранти е дел од кампањата на ТАМПЕП “Европа ги заборави човековите права на сексуалните работници мигранти”, која продолжува понатаму, се до одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници, кога ќе го упатиме последниот повик за нашите колективни барања со цел нивно препознавање на национално ниво и меѓународно ниво.

Голем број на организации членки на ТАМПЕП дадоа поддршка за кампањата, меѓу кои и СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот: www.tampep.eu/declaration/names/organisations

Потпишете ја петицијата на следниов линк:  https://tampep.eu/declaration

Кампањата може да се проследи и на следниве социјални мрежи:

https://twitter.com/tampepeu

https://www.instagram.com/tampep_eu/

Tags: , , , , ,