Во рамки на својата програма за поддршка на менталното здравје на сексуалните работници, Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) го објави својот нов брифинг извештај: Сексуална работа и ментално здравје, и спроведе онлајн петиција „Поддржете го менталното здравје на сексуалните работници“ за поддршка на пристапот до услуги за ментално здравје на сексуалните работници.
„Сите луѓе треба да се третираат со почит и достоинство без разлика на нивниот избор на работа“ – се наведува во петицијата која исто така ги потенцира дел од проблемите со кои сексуалните работници се соочуват при пристапот до здравствените услуги кои им се потребни, особено услугите поврзани со нивното ментално здравје:
- Главната пречка за пристап до соодветна ментална здравствена заштита за сексуалните работници е недостатокот на знаење и стигмата за сексуалната работа кај здравствените работници.
- 55% од испитаниците од нашето истражување го класифицираа недостатокот на знаење и стигмата како фактори кои влијаат на пристапот до ментална здравствена заштита во голема мера.
- Всушност, недостатокот на знаење и предрасудите кои ги имаат здравствените професионалци за ментално здравје во однос на сексуалната работа се главната пречка со која се соочуваат сексуалните работници во пристапот до квалитетни услуги за нега на менталното здравје. Ова е комбинирано со недоволното знаење и предрасудите за други прашања кои се однесуваат на родовиот идентитет, сексуалната ориентација, расата и културните разлики, како и употребата на дроги.
- Сексуалните работници се соочуваат со пречки во пристапот до соодветна ментална здравствена заштита, пред сè поради недостатокот на акредитирани професионалци за ментално здравје во многу европски земји, што пак резултира со долги листи на чекање за пациентите и барање на прекумерна документација, одвраќајќи многумина кои бараат помош.
Поддржете го менталното здравје на сексуалните работници со потпишување на петицијата на следниов линк: