Повлекување на мерката со која и хонораците ќе плаќат придонеси

Повлекување на законските новини со кои по Нова Година и хонорарците ќе бидат обврзани да плаќаат придонеси за здравствено и за пензиско осигурување. Ова денеска го договорија потписнциите на Синдикалната повелба и тие утре ќе побараат средба со министерот за труд и социјала работа, Диме Спасов.

Законските измени што ќе стапат на сила од 1 јануари 2015 година ќе ја отворат Пандорината кутија, зашто ќе ги поттикнат работодавачите наместо договори за вработување да склучуваат договори за дело со нововработените лица, па дури и со веќе вработените лица. На тој начин, тие ќе си ги исполнат финансиските обврски кон државата, но ќе заштедат на грбот на работниците црз основа на неисплата на надоместоци за годишен одмор, надоместоци за боледување, задолжителни систематски прегледи, опремнини за вработените кои ги отпуштаат и друго – велат од повелбата. Понатаму, дел од присутните изразија загриженост за намалување на цените за дадениот авторски труд, дуплото или повеќе струко плаќање на здравственото осигурување, придонестите за пензиско осигурување итн. Измените се апсурдни и не кореспондираат ниту со моменталниот здравствен систем ниту со системот на државниот пензниски фонд, нудат дискриминаторска политика која не е еднаква за сите граѓани на Македонија и само ќе ја зголемат сиромаштијата и поттикнат сивата економија.

Присутните беа согласни дека новините се направени за да се пополнат празните државни фондови и вештачки да се намали невработеноста.

Тие потенцираа дека доколку некој хонорарец, само еднаш во текот на годината добие хонорар повисок од 8.800 денари, тој веднаш ќе биде избришан од Агенцијата за вработување, а можноста повторно да се пријави ќе го има дури по една година.

Синдикатите, здруженијата и присутните граѓани најавија дека овие законски измени за кусо време ќе ги оспорат пред Уставниот суд.