Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје со седиште во Скопје на улица 11 Октомври 22/2, за потребите на проектот „Интегрирани интервенции на сексуалните работници за социјална правда базирана на докази“, финансиран од Фондација Отворено општество ‒ Македонија, а во согласност со Правилникот за набавки на стоки, добра и услуги на Здружението, Ви го испраќа следниов:
ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ (БПП)
ЗА НАБАВКА СО ГОЛЕМА ВРЕДНОСТ
Повикот за прибирање понуди (БПП) Анекс 1 од Правилникот за набавки на Здружението се однесува за набавка на техничка опрема.
ОПИС НА АРТИКЛОТ/ПРОИЗВОДОТ/ОПРЕМАТА: Софтверско решение за интегрирана база со податоци – Програма за сервиси и поддршка на сексуални работници
Предмет (спецификација) на набавка:
- Развој и изработка на организациска база со податоци за услугите и опфатот на лица во рамки на организациската програма за сервиси и поддршка на сексуални работници;
- Техничко одржување (обезбедување домејн, хостинг и безбедносен сертификат) за база со податоци во период од 6 месеци;
Функционалности на базата со податоци:
- Login screen: Dashboard за најава на корисници;
- CRUD за администратор;
- CRUD за корисници/внес на податоци;
- Експорт на извештаи со податоци и статистика за временски периоди во Excel и PDF;
- Оптимизација за користење од мобилни уреди.
Намена на база со податоци:
Базата со податоци е платформа во која ангажираните лица од организацијата вклучени во Програмата за сервиси и поддршка на сексуални работници внесуваат социо-демографски податоци за лицата корисници на услуги, како и податоци за здравствени, социјални и правни услуги кои им биле обезбедени преку мрежа од теренски работници и гејткипери.
Базата со податоци треба да обработува податоци за клиентите и услугите на организацијата по различни варијабли, согласно потребите на организацијата. Начинот на внесување на податоците и извештаите кои се генерираат од дата базата треба да бидат едноставен, практичен и интуитивен. Внесувањето на податоците во дата базата треба да биде на македонски јазик.
Со цел непречено функционирање, потребно е обезбедување на домејн, хостинг за 6 месеци и https безбедносен сертификат.
Сопственост на софтерското решение за база со податоци
Софтерското решение за база со податоци по направената набавка останува во сопственост на СТАР-СТАР Скопје. Сите информации поврзана со континуирана работа на системот при прекин на договорот или по завршувањето на договорот за одржување на базата со податоци треба да се достават до СТАР-СТАР Скопје како сопственик на софтерското решение.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
- Поднесување на предлог база со податоци и функционалност – 19.05.2022 – 25.05.2022;
- Изработка на база со податоци – 26.05.2022 – 20.06.2022;
- Тестирање на функционалност на база со податоци и обезбеден домејн, хостинг и безбедносен сертификат – 20.06.2022 – 30.06.2022;
- Одржување на дата база, домејн, хостинг и безбедносен сертификат во период од 6 месеци – 01.07.2022 – 31.12.2022;
- Добавувачот е должен да ја испорача базата со податоци до 20.06.2022 година, да обезбеди целосно функционирање најдоцна до 30.06.2022 година, како и техничко одржување на базата со податоци за 31.12.2022 година.
Ве замолуваме покрај дадената цена изразена во денари со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ), да биде вклучена и спецификација за техничка и професионална способност за понудувачот на техничката опрема.
Здружението го задржува правото да изврши измена во количината наведена во спецификацијата предмет на набавката, согласно постоечките финансиски ресурси за спроведување на набавката. Плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт.
Плаќањето за изработката на организациска база со податоци ќе биде до доставување на готовиот продукт, а плаќањето за техничкото одржување ќе се прави на месечно ниво од моментот на предавањето на готовиот продукт.
Понудите да се достават во рок од 5 (пет) работни денови сметано од датумот на објавувањето на повикот (06.05.2022) со рок на доставување до 13.05.2022 до 16 часот.
Реализацијата на понудата ќе биде спроведена од страна на Комисијата за евалуација и избор, именувана од страна на Здружението, по принципот на економски најповолна според критериумите: прифатливост на цена и соодветна техничка и професионална способност на понудувачот.
Лице за контакт:
Оливер Белчовски
Административен и финансиски раководител
Е-пошта:
administration.finance@starsexwork.org
Телефон: +389 (2) 32 32 411
Во прилог и официјалниот ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ (БПП) ЗА НАБАВКА СО ГОЛЕМА ВРЕДНОСТ