Почитувани,
Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, заедно со Здружението ЕГАЛ Скопје и Здружението СТАР-СТАР Скопје, со поддршка на Евроазиската коалиција за машко здравје и Глобалниот Фонд за борба против туберкулоза, маларија и СИДА, го спроведуваат проектот „Право на здравје: Акции на заедниците за зголемување на пристапот до услуги за ХИВ за МСМ и трансродови лица во централна и источна Европа и централна Азија.“
За таа цел отвараме повик за млади волонтери кои ќе се вклучат во активноста “Документирање на прекршување на човекови права”, преку која заинтересираните лица ќе имаат можност да се запознаат со алатки специјално изработени за детектирање, следење и документирање на прекршувањето на човековите права на различни маргинализирани заедници, како и да добијат информации за можните начини на заштита на различните прекршувања на човековите права преку сервисот за правна помош кој се спроведува преку горенаведениот проект.
За вклучување во активноста на “Документирање на прекршување на човекови права”, на ден 30.03.2019 година, ќе се оддржи обука за волонтери за документирање на случаи на прекршување на човекови права.
Сите заинтересирани кои сметаат дека човековите права се важни во нашата држава и сакаат да помагаат на луѓе чии права се прекршени, може да се пријават за учество најдоцна до 25.03.2019 година, на следната ел. адреса: association@strongertogether.com
По завршување на обуката, волонтерите ќе имаат можност да се вклучат во процесот на документирање на случаи на прекршување права, односно ќе можат самите да документираат такви случаи со помош на материјали и алатки кои ќе научат да ги користат на обуката.