Согласно потребите во секторот за човечки ресурси на Здружението СТАР-СТАР Скопје, Комисијата за избор именувана од Претседателот на СТАР-СТАР, на ден 10.07.2019 година распишува
О Г Л А С
За избор на Програмски директор
СТАР-СТАР – Здружение за поддршка на маргинализирани работници, објавува оглас за избор на програмски директор за потребите на организацијата.
Програмскиот директор се ангажира за управување со програмските и проектните активности на извршната канцеларија на СТАР-СТАР во Скопје и регионалната канцеларија во Гостивар.
Цели на работното место и опис на работните задачи:
- Управување, координирање и спроведување системска евалуација на проектните и програмските активности на извршната и регионалната канцеларија на организацијата во Скопје и Гостивар;
- Мониторирање на квалитетот на резултатите од проектните активности;
- Имплементирање и раководење со стратегијата за работа на СТАР-СТАР;
- Придонесување во развојот за имплементација на сродни стратешки планови, процедури и политики, заедно со претседателот на организацијата;
- Спроведување на работниот план на организацијата, следење на работните активности и набљудување на нивната ефикасност;
- Учество во подготовка на релевантни проектни апликации и следење на напредокот на овие апликации;
- Прибирање на финансиски средства и комуникација со донатори, фондации и партнерски организации;
- Управување со персоналот и спроведување периодична евалуација на нивниот перформанс;
- Регрутирање на волонтери за потребите на организацијата, и следење на нивниот перформанс;
- Застапување на интересите на сексуалните работници, визијата и мисијата на организацијата, преку учество на конференции, семинари и дебати во земјата и странство;
- Да го потпомага претседателот во донесување на краткорочни одлуки кои не се од стратешки карактер за организацијата;
- Управување со програмските буџети на организацијата во тесна соработка со Административниот и финансиски менаџер на СТАР-СТАР.
Отчетност и одговорност:
- За перформансите во изведување на своите работни задачи и за резултатите од сработеното, Програмскиот директор за својата работа известува до Претседателот на СТАР-СТАР, според претходно утврдени форми на известување.
Профил и потребни квалификации:
Заинтересираните кандидат(к)и треба да ги исполнуваат следните услови:
- Претходно работно искуство со менаџирање на проекти;
- Развиени вештини за академско пишување, застапување и комуникација;
- Одлични комуникациски (говорни и пишани) вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft програмите: Word, Excel, Power Point;
- Развиени вештини за пребарување на Интернет;
- Подготвеност за работа во тим;
- Насоченост кон навремено исполнување на работните задачи;
- Способност за извршување повеќе работни задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
- Искуството во работа со или припадност на некоја од маргинализираните заедници (сексуални работници/чки, ЛГБТИ лица, корисници/чки на дроги, лица што живеат со ХИВ), Комисијата ќе го земе во предност при селекцијата на кандидатите.
Пријавување и надомест на труд:
Програмскиот директор се ангажира на определено време на една година, започнувајќи од 01.09.2019 година со можност за продолжување на ангажманот по истекот на рокот.
Утврдената месечна (бруто) плата како надомест на труд за позицијата Програмски директор изнесува 900.00 (деветстотини) американски долари во денарска противредност.
Најдоцна до 9 август 2019 година (петок), заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Лична и професионална биографија во EU CV формат;
- Mотивациско писмо во електронски формат;
- Најмалку една писмена референца од претходни работни ангажмани;
- Потврда за познавање на англиски јазик.
Потребната документација со назнака Повик за ангажирање на програмски директор треба да се достави по електронски пат на следнава електронска адреса: bozhinov@starsexwork.org
Кандидатите кои нема да ја испратат целокупната документација и нема да го испочитуваат крајниот рок за аплицирање, нема да бидат разгледувани во првиот круг од страна на Комисијата за избор.
Пријавените кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите од повикот по електронски пат. Само кандидатите избрани во потесниот список за избор ќе бидат контактирани и повикани на интервју во последната работна недела од месец август.
За повеќе информации за работата, програмите и активностите на СТАР-СТАР на следниов линк: starsexwork.org