Повик: Ангажирање на консултант за Методологија на истражување во општествено маргинализирани групи/заедници

Ангажирање на консултант за Методологија на истражување во општествено маргинализирани групи/заедници
-Опис на работната задача-

Име на проектот: Организациско јакнење на капацитетите на СТАР-СТАР
Донатор: Фондација Отворено Општество
Спроведувач: Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
Предмет: Ангажирање на надворешен консултант од областа на квалитативна и квантитативна и други методологии на истражување

За спроведувачот: СТАР-СТАР претставува активистичко движење кое има за цел да ги застапува правата и интересите на сексуалните рабоници во здравствениот, социјалниот и правниот систем во земјата. Со намера да ја промовира важноста на цивилниот сектор во процесот на демократското управување, денес СТАР е дел од Граѓанскиот сектор промовирајќи ги своите аспирации, придонеси и потреби, стремејќи се кон отворено општество кое знае да ги препознае, прифати и почитува различностите.

1. Цел на прооектот: Јакнење на организациската структура на СТАР-СТАР.

2. Специфични задачи од истражувачка област за чие што исполнување бараме професионална експертиза:
1. Развивање на вештини и стекнување на основно познавање кај клучниот персонал од областа на истражување помеѓу општествено маргинализирани групи/заедници, вклучувајки квалитативна и квантитативна обработка на аналитички податоци (читање и интерпретација на собраните податоци);
2. Запознавање со етика на истражување и методологија на пишување извештај од истражување;
3.Мапирање на истражувачки проблем и креирање план за спроведување на истражувањето (реализација на едно спроведено истражување);
4. Подготовка на финален извештај во однос на спроведената активност;

3. Временска рамка: Реализацијата на задачите се очекува да биде реализирана во рок од 40 дена од започнувањето на процесот на истражувачка методологија.

4. Начин на координација: Избраниот консултант се задoлжува да води интензивна комуникација со договорувачот на задачата.

5. Профил на консултантот и начин на аплицирање: На повикот може да се пријават физички или правни лица. Заинтересираните правни/физички лица, најдоцна до 01.11.2016 година до 16 часот, по електронска пошта на bozhinov@starsexwork.org и star.contact@yahoo.com потребно е да достават:

-работна биографија на апликантот
-предлог на акционен план за реализација на специфичните задачи
-предлог временска рамка
-предлог (нето) цена за понудената услуга

6. Критериуми за избор: Понудата со најниска цена, како и приложен доказ за реализација на слична активност, ќе биде земена во предвид за склучување на договор за имплементација на активноста.

logo_small_mk