ПЕТИЦИЈА “Кажи НЕ за криминализација на клиенти на сексуални работници”

Европскиот Парламент на 27-ми Февруари 2014 год.  ќе гласа За или Против извештајот ‘‘Проституцијата и сексуалната експлоатација и нивниот импакт врз родовата еднаквост‘‘ поднесен од Комитетот за Женски Права и Родова Еднаквост при ЕП (FEMM). 
NSWP (the Global Network of Sex Work Projects ) силно ја осудува препораката да се криминализираат клиентите на сексуалните работници ! Предлозите да се криминализираат клиентите на сексуалните работници се базираат на лошо осмислени политики, ваквите политики во досегашните искуства се покажаа како нереални со лоши последици како зголемување на стигмата и дискриминацијата против сексуалните работници во земјите каде што се воведени слични политики.
Доколку препораката се усвои од Европскиот парламент истата нема да биде обврзувачка за земјите членки на ЕУ, но ќе биде силно охрабрување за законско усвојување на овој модел не само во земјите кои се членки во ЕУ, туку и за оние земји кои го имаат започнато процесот за приклучување кон унијата , исто така би имало огромно влијание на глобалано ниво.
Нацрт извештајот изобилува со погрешни факти за и околу сексуалните работници. Покрај тоа, овој извештај очигледно ги исклучува машките и трансродовите сексуални работници, извештајот не вклучува никакви консултации со сексуалните работници, тие секако треба да бидат вклучени во политичките дискусии кои директно ги засегаат нивните животи.
Многу организации и мрежи  за подршка на сексуални работници го кренаа гласот против овој предлог доставен до Европскиот парламент кои дава препорака за криминализација на клиентите на сексуалните работници.
Во тек е потпишување на петиција која  во знак на солидарност се споделува и од други организиации и здруженија на граѓани кои застапуваат и се борат за почитување на човековите права.
NSWP Statement_FEMM_Crim_Clients_Final_pagenumber.001NSWP Statement_FEMM_Crim_Clients_Final_pagenumber.002NSWP Statement_FEMM_Crim_Clients_Final_pagenumber.003