Европската мрежа за унапредување на правата и здравјето на сексуалните работници -мигранти (ТАМПЕП) неодамна започна кампања по повод одбележувањето на 2 јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, чија цел е промовирање на човековите права на сексуалните работници – мигранти. Во рамки на кампањата насловена “Европа ги заборави човековите права на сексуалните работници мигранти”, мрежата изготви Декларација со барања за промоција и заштита на правата на сексуалните работници – мигранти низ цела Европа и за унапредување на нивното здравје особено во време на КОВИД-19 пандемијата.
Кампањата досега ја поддржале преку 100 организации со собрани 567 потписи на петицијата, меѓу кои е и нашата организација СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот.
Во Декларацијата спроведена од страна на меѓународната мрежа – ТАМПЕП, се наведени сите барања во насока на заштита на правата на сексуалните работници мигранти и нивното здравје особено во време на криза, а се загарантирани со Европската конвенција за човекови права:
- Гарантиран пристап без пречки до здравствени услуги и вакцини за сите, вклучително и за сексуални работници-мигранти и други потенцијално криминализирани заедници во согласност со препораките на УНАИДС;
- Пристап до јавни услуги и финансирање без казнување или ризик од депортација;
- Да се забрани користењето на пандемиските прописи за неправедно апсење, приведување, казнување и депортирање на сексуалните работници-мигранти;
- Да се осигура дека ниту едно лице нема да биде присилно затворено или задржано поради надминување на визните дозволи за престој поради причини поврзани со КОВИД-19;
- Да се спроведат миграциски политики кои се инклузивни и ги почитуваат човековите права на сексуалните работници мигранти, и кои гарантираат за нивна правна заштита.
Заедницата на сексуални работници – мигранти, без оглед на статусот, имаат право на живот, слобода и безбедност како и сите други. Тие имаат право да бидат ослободени од дискриминација и да имаат соодветни услови за живот и работа.
Проследете ја кампањата на ТАМПЕП со споделување и потпишување на петицијата на следниов линк: https://tampep.eu/declaration
Кампањата може да се проследи и на следниве социјални мрежи: