Отпочнува реализацијата на проектот „Охрабрени сексуални работници против дискриминација“

Од месец февруари 2023 година, СТАР-СТАР Скопје започна со реализација на проектот „Охрабрени сексуални работници против дискриминација“ кој се реализира во рамки на програмата „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и промотивна улога“, која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Овој проект има за цел да ги промовира принципите на недискриминација и еднаквост на човековите права на сексуалните работници преку интервенции во кои самите се вклучени и се активни чинители како носители на права. При тоа, предвидени се интеревенции со кои сексуални работници ќе се охрабрат во искористувањето на постоечките механизми за заштита од дискриминација, како и интервенции за сензибилизација на пошироката јавност за правата на сексуалните работници.

Проектот ќе се реализира од февруари до јули 2023 година и дополнително отвора можност за вклучување и ангажман на сексуалните работници преку процес на документирање на случаи на дискриминација, преку претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како акција предводена од заедницата. Ги охрабруваме и повикуваме сите сексуални работници кои сакаат да се вклучат во процесот на документирање или сметаат дека биле жртви на дискриминација, да се обратат во нашето Здружение, со цел да добијат повеќе информации.

Tags: ,